Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
198
47
1,038
75
Албанскиот јазик ќе си го чува Албанија,
а таков е добредојден и во Македонија.
Камо среќа Македонија така да си го чува јазикот дома,
во Албанија и насекаде.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
198
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Не го разбираме ни бугарскиот ни францускиот диктат.
Треба школски: да ни го издиктираат во тетратка со молив.

Македонија е во предност, ама и во офсајд.
Ќе влезе во ЕУ пред таа да се распадне.

Нема повеќе борба за место под сонце.
Партиското членство никне како наѓубрено оранжериско зеље.

Власта не знае да собере ни прости броеви.
Еден и еден се два – пратеници за мнозинство.

Нема повеќе сендвичи на митинзи.
Има нешто труло во амурот на партиските кујни.

Македонија „ќе ја биде или нема да ја биде“.
Тоа е театар, Шекспире.

Нема страв од распадот на ЕУ.
Нашите и понатаму ќе си останат Бугари таму.

Транзицијата беше бодликава жица за бедните,
и заштитна ограда за безбедните.

На избори, притисокот со прст на умот остава по веродостоен потпис.

Во новата светска блоковска слика ние сме лесен цртеж.

Власта го обедини народот со одвраќање од собирање.

Роботот е железо кое мрда.

Не размислуваше за смртта, чекаше евтаназија.

Низ кросното на разбојот се ткае платно и од партали.

Една гранка од семејното стебло остана празна
и предизвика шумски пожар.

На лекар без пари,
и лекот нема да вреди ни пет пари.

Информатичката технологија голта се’.
Она што хартијата трпела со векови.

Човеколиките мајмуни ги палат шумите.
Тоа се нивните родни огништа.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
198
47
1,038
75
Се палат македонски знамиња.
А не велите дека сонцето само ни згаснува.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
198
47
1,038
75
Од деветтиот до дваесет и првиот век не станавме Бугари.
Сега одеднаш на сите ни треба бугарски пасош.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
198
47
1,038
75
-„Брзам да го вклучам телевизорот да видам кој денес е притворен од власта“.
- ???!!!
-„Опаа..., некој ми звони на вратата“.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
198
47
1,038
75
Власта го изгради едниот правец,
опозицијата другиот правец на автопатот.
Но кој е правиот.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
198
47
1,038
75
Времето почнавме да го мериме со милиметри.
Од нашите пет минути до дванаесет за влез во ЕУ,
не отстапуваме ни милиметар.
Како да земате лек од три милиграми и не отстапувате ни милиметар.
Првиот кластер за влез во ЕУ ќе го започнеме со лењир во рацете,
и не отстапуваме ни милиметар.
Ако е за кроење на судбината на државата, најдобро е шнајдерско
метро, со две страни и должини, кому како одговара.

Па, добро бе луѓе, колкав е тој милиметар, да му се сневиди ?
Мене ми се чини колку куре од дете.

Невозможно е лидерот-професор тоа да не го знае.
Ни кога времето за влез во ЕУ го мери со чекори низ бриселските ходници
не отстапувајќи ни милиметар.
Или кога времето и просторот го става на кантар за да ја измери
далековидоста на слепиот водач во себе.
Ни од сопствените лаги не отстапува ни милиметар.
Или кога одолговлекува до бесконечност, не отстапува ни милиметар.
И кога создава заробена држава и автократско владеење,
не отстапува ни милиметар.

За на крајот да ја отстапи државата - кому !!!???
Една од соседите веќе се огласи.
Допрва ќе следат и други понуди, само што ќе бидат крвави.

Ебати државниот интерес кој го брани со милиметар.
Како да го брани со црешово топче.
Не дека ќе ја загубиме државата, дури и да станеме 87 држава
на САД, ако сме веќе 30-та во НАТО.
Туку што тој еден милиметар го претставува како една голема тврдина
на која ќе го издигне крстот на отпорот, и сам ќе се распне за наше спасение.

Има смисла ваквата траги-нормалност која нашите политичари
ја прават овде и сега.
Нивниот простор и време е ограничен на мандат.
Секоја минута и милиметар го користат да зграпчат што повеќе
од народната имовина, не отстапувајќи ни милиметар.
Временски и просторно да се обезбедат до петто колено,
не отстапувајќи ни милиметар.
И да и побегнат на правдата и сите судови.
За на крај да ја растурат државата и џемен фатат некаде во странство,
не отстапувајќи ни милиметар.

ПС
Не ја сакам 2025 година.
Времето нека си течи праволиниски, без бројки.
Само така ќе ја избегнеме фаталната година која ќе го означи
крајот на нашата државата Северна Македонија,
не отстапувајќи ни милиметар.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
198
47
1,038
75
Во Прилеп вистинска среќа е да се најде место за паркинг.
И тоа каде ?
Во градот на магарина.
И денес има магарина, ама тие се партиски, натоварени со кошеви
кои тежат под накладеното.
Никаде не ги собира.
Среќа е да се најде паркинг, ама поголема среќа е да си магаре.

ПС
(Со паркингот ќе имате или ќе немате среќа. Стара нова година
да ни донесе среќа на сите. За многу години да е Василица).