Неочекувани особини на раковите
Зборови како „емотивни“, „интуитивни“ и „грижливи“ оддаваат впечаток како раковите да се многу кревки уѓе, кои ќе се скршат ако го дувнете. Но, нека не ве залажува нивната емотивност, бидејќи длабочината на душата нема никаква врска со стабилноста и цврстината на човекот. Особини кои другите луѓе се изненадени кога ќе ги сретнат кај рак вклучуваат:
.
На раковите им е потребно многу лутина да им се собира за да избувнат, но кога тоа ќе се случи, подобро пазете се! Ова најверојатно е така, како резултат на тоа што раковите долго време се трудат да ги потиснат нивните гневни емоции, па кога еднаш ќе решат да ги пуштат да испливаат на површина, донесуваат големи одлуки. Така, многу луѓе се изненадуваат од ракот, бидејќи си ги спакувал торбите и си заминал, наместо, како и вообичаено да го прифати фактот дека ќе биде намуртен и депримиран, сè додека не се случи нешто кое ќе го расположи.
.
Кога најмалку тоа го очекувате, ракот се впушта во акција, без разлика дали смета дека постапува исправно или погрешно.
.
Раковите се моќни личности, кои можат да се справат со секаков соперник кој стои на нивниот пат кон успехот. Не за џабе ракот има клешти нели? Па затоа, доколку забележите дека некој рак што го познавате, е решен да се бори за нешто свое, бидете сигурни дека нема да се откаже после првата изгубена битка.
.
Склони кон депресија
Кога е во меланхолично расположение ракот може да постане најстудената личност на планетата и ќе ве поведе со себе во депресивните мисли. Раковите имаат тендендција да размислуваат песимистички, но најчесто го кријат тој нивен страв зад нивната широка насмевка и смисла за хумор. Раковите сакаат да сонуваат големи соништа и според нив, „само небото е граница“. Кога плачат, тоа го прават бидејќи се навистина длабоко повредени однатре. Остар поглед или груб тон на глас, можат лесно да го повредат ранливото срце на ракот. Кога е повреден, ракот или ќе се исплаче од срце или ќе „одмора„ во неговиот заштитен оклоп. Како и да е, не е типично за ракот да му се одмаздува на оној кој му згрешил. Доколку реши да се затвори во своето безбедно психичко катче, бидете сигурни дека никако нема да можете да пристапите до него. Тој нема да крева на телефон, нема ви отвори на врата кога ќе му заѕвоните, ниту ќе го проверува сандачето за имејл пораки.
Имаат бујна фантазија
Додека разговарате со некој рак, ќе забележите дека неговите фацијални експресии ќе се променат многупати, отсликувајќи ги неговите многубројни емоции. Секое животно искуство влијае врз неговиот карактер и се врежува во неговата меморија. Тие имаат навистина бујна фантазија и понекогаш успеваат да го пренесат нивното моментално расположение на другите луѓе. Раковите го помнат сето она на кое животот ги научил и се вистински патриоти. Минатото ги интригира, па поради тоа тие обожаваат и да колекционираат антички предмети и разни остатоци со богато историско значење. Раковите се одлични чувари на туѓите тајни, па не е чудно што луѓето им се доверуваат по автоматизам.
.
Искрени пред себе, затворени пред другите
Интересно е тоа што, неговите сопствени мисли и тајни, ракот си ги чува стриктно само за себе. Типичен рак никогаш не би разговарал за својот приватен живот со која било личност. Целата неговата емоционалност ја крие на сигурно под неговата цврста кора и доколку сакате да се зближите со рак, ќе треба да му покажете доволно грижа и љубов, за да започне да ви верува. Ракот ретко ги осудува другите луѓе, бидејќи има меко срце, се грижи за другите и секогаш ја нуди својата помош. Но, тој исто така, очекува да види дали и некој друг ќе му помогне нему. Ако одговорот е да, ракот ќе стои настрана и ќе и дозволи на таа личност да биде „спасителот“. Во случај никој да не му понуди помош, ракот секогаш ќе биде тој кој ги „спасува“ останатите во нужни ситуации. Тој може да пристигне во последната минута, но ќе ве спаси токму во моментот пред да се удавите. Ракот не е себичен, но се труди да не избрзува и да не биде импулсивен. Пред да направи некој поголем чекор, на ракот му е потребна силна поддршка од некој негов близок. Без потпора, ракот мрази да презема ризик на своја рака.
.
Потреба од емоционална безбедност
Ракот тешко ги заборава туѓите грешки, а особено ги памети и своите. Тој ќе жали за нив и ќе му треба многу време додека да ги преболи и да премине на следниот чекор. Ракот обожава да биде дома, со неговите најблиски, бидејќи таму се чувствува најбезбедно. Премногу сигурност не е доволно за него. Тој секогаш сака повеќе и повеќе стабилност, љубов и грижа во животот. Несигурноста може да го одведе до депресивни мисли и физички да го ослаби. Како и да е, раковите имаат неверојатна моќ на самолекување. Сè што им е потребно се моментите на среќа, оптимистични мисли и смеење во големи дози. Таквата потреба ја имаат бидејќи се склони кон негативни мисли и секогаш се подготвени за неочекувани нешта од иднината.
Потенцијал да стекнат богатство
Раковите исто така се способни да направат многу пари, а потоа знаат и да управуваат со нив. Тие имаат големо срце и се желни да им помогнат финансиски на најблиските, секогаш кога тоа им е потребно.