Рак

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена.
Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста.
Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера.
Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни.
Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение.
Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.
Колку ракови имаме на форумов?
Што мислите за луѓето родени во овој знак?
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Иако викаат дека овенот и ракот не се сложуваат јас и немам такво искуство...А за раковите ги обожавам моите најдобри другарки,мајка ми се ракови и се премногу добри емотивни искрени праведни но и оштри на јазик :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: monika88

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
И подзнак сум рак, дупли рак хеоха :)
Многу сум емотивна, значи премногу ама не покажувам. Се` од напишаното е точно :)
најкомуникативни, најзборлести, издржливи, вредни... кажувам зошто мајка ми е рак :)
И ти си во право, таква сум и јас :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
јас сум рак и слободно можам да кажам дека според горенапишаното не би требало да сум рак:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: monika88

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
најкомуникативни, најзборлести, издржливи, вредни... кажувам зошто мајка ми е рак :)
Ма можам да зборувам ден и ноќ без престан, без да се уморам и без да сакам да престанам.
И знаете што е најстрашнио?
Пак нема да кажам се што сум мислела...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: КрисТина К.

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Дечкото ми е рак, јас и тој, спротивности до максимум.
Јас, како типична Водолија, сум ептен поладна од него, како типичен рак.
Тој романтичен, јас алергична на романтики.
Тој домаќин чоек, јас куќата не знам кај ми е.
Тој сака фамилија, јас некогаш самата себе сум си премногу.
Тој сака групно дружење, работа, јас повеќе сакам да сум сама.
Тој е толерантен, јас избувлива.
Тој е питом, јас раздразлива.
Тој е традиционален, јас смислувам нови начини на однесување.
Тој е сталожен, јас поим немам што ќе правам утре.
Тој е конформист, а јас секогаш сум црна овца :)

Итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: КрисТина К.

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дечкото ми е рак, јас и тој, спротивности до максимум.
Јас, како типична Водолија, сум ептен поладна од него, како типичен рак.
Тој романтичен, јас алергична на романтики.
Тој домаќин чоек, јас куќата не знам кај ми е.
Тој сака фамилија, јас некогаш самата себе сум си премногу.
Тој сака групно дружење, работа, јас повеќе сакам да сум сама.
Тој е толерантен, јас избувлива.
Тој е питом, јас раздразлива.
Тој е традиционален, јас смислувам нови начини на однесување.
Тој е сталожен, јас поим немам што ќе правам утре.
Тој е конформист, а јас секогаш сум црна овца :)

Итн.

Сигурна си дека е рак дечко ти?
Или можеби јас не сум. Ова што го наброја за него јас сум спротивното, а и многу луѓе што се ракови а ги познавам се исто, спротивно од ова што го кажа за рак. :D
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Сигурна си дека е рак дечко ти?
Или можеби јас не сум. Ова што го наброја за него јас сум спротивното, а и многу луѓе што се ракови а ги познавам се исто, спротивно од ова што го кажа за рак. :D

Сигурна сум, и речиси сите ракови кои ги познавам, се слични на него :)