Работа на две или повеќе места одеднаш

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Во ек на инфлации и немаштија, луѓе се решаваат да најдат втора, па и трета работа за да си обезбедат колку-толку пристоен живот.
Други пак тоа го прават за да имаат да заштедат нешто „за црни денови“, трети за „луксузирање“ т.е. да си дозволат нешто повеќе од основното. Без разлика на причината, колку е можно, а уште побитно - колку е здраво, да се жонглира меѓу две или повеќе работи + приватен живот?

Моментално работам за две компании, па иако едното е фриленс и иако и во двете немам одредено работно време или не знам колку убивање од работа (сега, зависи од денот некогаш) т.е. битно е да се заврши, не да се одработат 40 саати неделно, да кажеме, пак се наоѓам во ситуации каде неколку дена немам време да се видам со поблиските, па дури ни со домашните, а немам ни нешто посебно време за себе.
Со тоа некогаш си идат и предизвиците да се остане здраворазумен и да не заборавиш утре како е да се социјализираш т.е. како да се однесуваш меѓу луѓе.
Дали работењето повеќе работи стана нормално или е наметнато од hustle културата?
Колку сме способни да одржиме баланс меѓу личниот и професионалниот живот на овој начин?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Невозможно е да се работат две фул тајм работи и да се има било што налик нормален живот.
Освен овие онлајн работни места со фриленс, не знам како класична работна позиција е можна на две места.
Ајде прва смена 08-16, па оттаму веднаш на втората смена во рандом место кое може да е оддалечено км, како физички е можно да се постигне такво нешто? 16 саати работа, 8 саати спиење, или ајде нек се 6 саати пошто ете, 2 часа во ден се доволни за све останато, не ми изгледа возможно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Се согласувам со членот погоре, но можеби е возможно да се работат две работи истовремено, доколку на едното работно место сум со пола работно време, на пример, наместо 8 часа, да работам на едното работно место 4 или 5 часа, а на другото работно место, исто така 4 часа. Што не знам дали е возможно да се најде нешто со пола работно време, најчесто е со 8 или 9 работни часови на ден.