Е сега сѐ кажа.Toa E Koga Od Doma Gi Prakjaat Im Vikaat Da Ostanat U Skopje , A ne So Diploma Da Se Vratat
Не се сложувам...Имав една професорка по математика во средно (еее колку оддамна беше тоа) која го кажуваше следниот муабет:
Родителите до вашата 7 годишна возраст ви ја ставаат „Единицата“ во вашиот карактер, а вие подоцна сами ставате нули - толку колку што ќе успеете.
Накратко ако ја немате таа единица се што ќе правите во животот ќе биде една обична нула!
Што значи, девојките кои стигнуваат до пари продавајќи си го телото, немаат апсолутно никаква „единица“ од родителите. Нив никој не им посочил дека до пари може да се стигне и со пристојна работа во некоја дискотека, во некој маркет и слично.
Многу момчиња и девојки дошле од руралните општини(тука се ставам и јас) во Скопје, работеле, студирале, го завршиле факултетот и не тргнале по лош пат, дилерување, проституција и слично.
Што значи не го обвинувам општеството ниту полицијата а ниту па „скапата ситуација во Скопје“ се’ им препишувам на родителите. Ако тие не биле кабожни да им ги вметнат основните морални вредности на своите деца, нормално е дека ќе погрешат тие.
Не секој родител успева да ги пренесе пораките.Не се сложувам...
Кој е тој родител кој на своето чедо кога го испраќа да студира ќе го советува да оди и да се проституира???
И кој е тој родител кој не го учи своето дете на основните морални принципи? Дека не треба да лажи, да кради, да се тепа, да пие, да пуши, да се дрогира, да се проституира?? Не знам некој здрав родител кој ќе го посочува на спротивното...
Се е до карактерот и до здравиот разум на секој од нас....
Тоа се веќе донекаде зрели личности кои знаат и можат да разликуваат што е морално а што не...
Сите не сме биле студенти и сме се молкнеле по студентски, па не знам дека толку проституцијата цветала...имало некои ама тоа биле неколку, се броеле на рака...а такви има и во секое маало, во секоја зграда, во секој град...
Е сега ако си одлучиле тие така, така нека им биде...
Нормално дека има секакви, ама исто така има и деликвенти кои потекнуваат од прекрасно семејство и обратно...значи нема тука мерила и пишани правила....ама не може за се да ги кривиме родителите...Не секој родител успева да ги пренесе пораките.
Немој да ми кажеш дека не си видела родител што секој ден е пијан.
Немој да ми кажеш дека не си видела мајка што оди со деколтето извадено и кокетира со секој втор.
- многу добро основни принципи се предаваат на децата така, бидејќи се тие како сунѓери и примаат сѐ.
Па затоа има период кога не си возрасна, кога здравиот разум е по малку и луд и правиш работи што мислиш дека се исправни, а си ги видел од своите родители.Нормално дека има секакви, ама исто така има и деликвенти кои потекнуваат од прекрасно семејство и обратно...значи нема тука мерила и пишани правила....ама не може за се да ги кривиме родителите...
Башка правиме муабет за студенти а не забавачиња...
Ако татко ми бил пијаница и сега ајде и јас да станам нели??
Па затоа сум возрасна, фала Богу со здрав разум па сама да проценам што е добро за мене а што не нели?
Прво не се контрам...Па затоа има период кога не си возрасна, кога здравиот разум е по малку и луд и правиш работи што мислиш дека се исправни, а си ги видел од своите родители.
Не е во сите случаеви така ама ги има, и најчесто тоа е причината за проституцијата на децата, затоа што ги немаат наследено основните принципи.
Можеш да се контраш колку сакаш, ама кога ќе размислиш така е.
Во ред, се извинувам Моја грешка во изборот на збор.Прво не се контрам...
Второ нели растеме и созреваме...
На тоа созревање има влијание и родителите и школото, наставниците, роднини, пријатели итн.
Така да созревајќи гледаме дека родителите и баш не се некој пример за следење, па се менуваме...
Ама тоа е само мое мислење, не е контрање...