Прослава поради развод на брак

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Како е тргната работава со будалштините, за неколку години и погребите ќе почнат во хотел со жива музика да ги прават.
Па во Бугарија не баш на погребите ама на помените одат на гробишта колку да запалат свеќа, да се помолат, раздадат нешто и после во некој ресторан(т) со музика понекогаш и жива (зависи од умрениот каков бил додека бил жив) наводно за да го жалат, а кој од кој посреќен е. :)

Иначе ако сум во ваква криза ко што сум сега не знам дали и свадба ќе славам не па развод
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Прославата за развод е индивидуално како за свадба,сакаш 300 гости или 100,или пак само најблиските во некоја кафана и толку.Почнаа и кај нас "да слават"за разводот,и мислам дека е убаво,со неколку пријатели да се седне и да се "прослави"повторно нов статут во животот.Со овој чин полесно се пребродува тагата, а и да се наздрави за нов поубав почеток.Честитките,тортите и хуморот во тие ситуации се баш да се даде расположение за да нема солзи,па и тоа да остане во спомен оти се е тоа Човечко.
Интересно ти изгледа зашто немаш минато низ такво нешто.
Колку и да е мирен разводот, самото мрцварење носи последици. Колку и да постојат после шанси за напредување, сепак во одреден момент те враќа назад во „стариот“ живот каде секојдневно се соочуваш со старите навики т.е. веќе одвики, а со самото тоа се создава и чувството дека одиш наназад и си потклекнал на неуспех, а тука не гледаш ништо за славење.
Да не зборам пак за оние што едвај преживувале во брак, со рестрикции и малтретирања. Уште до славење им е.
Позитивни страни секако дека има, ама неколку пријател(к)и за позитивно расположение е во ред. Организирање цели прослави, фатална и сама, како и да беше, е бесцелно, и наместо да даде впечаток дека разведениот ужива, само го прави да изгледа ко очаен лик што сака другите да мислат дека ужива.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Прославата за развод е индивидуално како за свадба,сакаш 300 гости или 100,или пак само најблиските во некоја кафана и толку.Почнаа и кај нас "да слават"за разводот,и мислам дека е убаво,со неколку пријатели да се седне и да се "прослави"повторно нов статут во животот.Со овој чин полесно се пребродува тагата, а и да се наздрави за нов поубав почеток.Честитките,тортите и хуморот во тие ситуации се баш да се даде расположение за да нема солзи,па и тоа да остане во спомен оти се е тоа Човечко.
Со овој чин не се пребродува тагата,залиј со алкохол на крај кога ќе те утепа депресија уште потапа ќе бидеш... Или еве да речеме дека не е така,се веселиш праиш журка и ок ќе ти биде една вечер,ама неможеш секој ден да славиш за да ги пребродиш таквите моменти. Едноставно време лечи 'старе ране'.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
39
рајска градина
Господ да не даде да дојде до такво нешто ама ако дојде, подобро ке си уплатам еден многу потребен одмор него ли да одам чалм без потреба.
Каков таков,заедница била што сме ја градиле за навек и планирале да останеме таму. И најсреќна на свет да сум по развод, еден дел ке ме боли.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Прославата за развод е индивидуално како за свадба,сакаш 300 гости или 100,или пак само најблиските во некоја кафана и толку.Почнаа и кај нас "да слават"за разводот,и мислам дека е убаво,со неколку пријатели да се седне и да се "прослави"повторно нов статут во животот.Со овој чин полесно се пребродува тагата, а и да се наздрави за нов поубав почеток.Честитките,тортите и хуморот во тие ситуации се баш да се даде расположение за да нема солзи,па и тоа да остане во спомен оти се е тоа Човечко.
Тој чин - прославата е само една вечер, и колку и да помине незаборавно сепак е само една вечер...и воопшто нема да ти помогне понатаму...Не е дека од таа вечер па натаму ќе ги ставиш емоциите на оф...напротив пак ќе ти биде тешко одвреме навреме, секој ден по некоја ситница ќе те потсеќа на тој брак...Треба само време за да се преброди а не прослава...
а честиткиве што ги спомнуваш...Како се честита? Ај честито разводот? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Тој чин - прославата е само една вечер, и колку и да помине незаборавно сепак е само една вечер...и воопшто нема да ти помогне понатаму...Не е дека од таа вечер па натаму ќе ги ставиш емоциите на оф...напротив пак ќе ти биде тешко одвреме навреме, секој ден по некоја ситница ќе те потсеќа на тој брак...Треба само време за да се преброди а не прослава...
а честиткиве што ги спомнуваш...Како се честита? Ај честито разводот? :D
Ај честито развод, па до година на свадба да ти играме :ninja
 

UpaDown

Нов член
30 мај 2014
20
3
3
Ако нешто не ми се допаѓа, мора да биде забрането.

Пошто нели ние шо се бориме за слободата, прифаќаме се, освен работите шо не ни се допаѓаат. - Секој либерален човек на светот

Не ми смета. Не би го правел, ама не ми смета ако некој да слави развод. Ама јас па не би славел брак никогаш. Уствари, не би ни сакал да стапам. Да живееш со некој е кул, ама брак, шо ќе ми го „признае“ државата или некоја црковна институција - немој да ме ј***ш.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Па и не е толку забегано. Јас искусив еден развод и можам да кажам дека бев многу среќна кога конечно ставив крај на тој дел од мојот живот. Она што ми беше најпотребно во тие моменти беше подршката од најблиските, така да мислам дека една мала прослава со најблиските е добар начин да се започне еден нов живот, бидејки тој начин ке се охрабрите, не ке се чувствувате сами и тн.
Ама за се си треба контрола нели. Во последно време и свадбите се онака колку да не е без ич, па зошто тогаш прослава од ваков вид да е претерана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja