Во светот постојат многу места за кои се смета дека се проколнати. Обично духовите, надприродните суштества, демоните или пак некоја виша сила која делува негативно се главните удели поради кои луѓето ги сметаат тие места за проколнати.
Австралија
• Алкимос е американски воен брод од Втората светска војна, кој доживеал бродолом, што се случил кај брегот од Западна Австралија во 1964 година. Остатоците од бродот сè уште пловат по водите, и се мета на бројни мистериозни приказни.
• Арадејл ментална болница е градба на рид во Арарат, Викторија, каде во еден момент биле вработени повеќе од 500 луѓе. Изгледал како град во самиот град и во моментот кога бил затворен (1993 година) имал 63 згради.
• Бичвортска лудница во Бичворт, Викторија е место за кое е објавено дека неколку духови на умрени ги вознемирувале станарите.
• Бордер Ин хотел (Фланаганс) во Бахус Марч, Викторија - За овој хотел од 1850-те години е објавено дека се чувствува присуство на духови, предметите сами се движат, пијаното свири само, а луѓето го чувствуваат допирот од невидливите духови.
Англија
• 50 Беркли сквер - е најопседнатата куќа со духови во Лондон.
• Блу Бел Хил во Кент, поточно патот A229. Ова е местото каде што фантомска женска личност стопира. Колите застануваат да ја качат, а нејзе потоа ја снемува.
• Чилингемски замок, лоциран во Нортамбрија, Англија. Страда од духови повеќе од 800 години. Бројни духови се видени овде и се смета за најопседнато место во цела Англија.
• Во Дорсет се појавува дух со секира, кој јава на коњ. Од очевидците е опишан како воин од камено време.
• Замокот Виндзор — домот на британското кралско семејство. Бројни духови се видени овде, вклучувајќи го и духот на кралицата Елизабета I, и нејзината мајка, Ана Болејн, која е видена како трча низ ходниците врескајќи. Меѓу очевидците е и кралот Џорџ VI, потоа Вилијам Гладстон и Ендрју, Војводата од Јорк.
Данска
• За Замокот Dragsholm во Зеланд се вели дека е прогонуван од духот на Џејмс Хепберн, 4-ти Гроф од Bothwell, кој бил пет години затворен таму до неговата смрт во 1578 година.
Јапонија
• Аокигахара, шума во подножјето на планината Фуџи, е позната локација каде се
извршени многу самоубиства. Можеби затоа оваа шума се смета за полна со духови.
Канада
• За владината куќа во Реџина, Саскачеван се зборува дека ја напаѓаат духови на деца, слуги, дури и еден бивш готвач. Се слуша смеење на деца и чекори, мебелот сам се поместува, а во огледалата се појавуваат страшни ликови.
• Николас Стрит Гаол во Отава, Онтарио, се вели дека е опседнат од духот на човек кој погрешно е обвинет за убиство и погубен. Зградата денес е младински хотел, но најгорниот спрат е оставен каков што бил пред сто години.
Кина
• Автопат Туен Мун, Хонг Конг - Во текот на повеќе години, стотици луѓе изјавиле дека овој автопат е опседнат од духови Уште од 1978 година, многу животи згаснале овде поради сообраќајни незгоди. Високата смртност на овој автопат се обвинува за појавата на духови кои наеднаш излегуваат пред возачите на сред пат, со што предизвикуваат нагло вртење настрана со цел да бидат избегнати. Најчесто духовите се појавуваат ноќе.
САД
• Гробиштата во Истон, Конектикат, кои датираат од 1600-те години, се најпосетуваните гробишта во цела држава од страна на духови. Неколкумина очевидци успеале да фотографират некои од духовите, меѓу кои се појавува и една „Бела дама“, за која се вели дека е снимена и на видео камера. „Белата дама“ често се појавува на патот кој е излез од гробиштата.
• Слипи Холоу, Њујорк и околните шуми во долината на реката Хадсон се дома на повеќе духови, вклучувајќи ја и легендарната „Дама во бело“ и „Јавачот без глава“. Жителите на тоа место со векови раскажуваат дека „Јавачот без глава“ се појавува во мрачна и облачна ноќ.
Хималаи
• Монт Еверест - Дух на алпинист се појавува пред очевидците, меѓу кои двајца во 1975 година изјавиле дека го делеле скривалиштето со духот за време на нивното искачување. Некои веруваат дека ова е духот на алпинистот Ендрју Ирвин, кој исчезнал заедно со Џорџ Малори во 1924 година.
Шкотска
• Замокот Единбург - има многу духови, меѓу кои и еден тапанџија кој се појавува само кога замокот е во опасност од напад, како и еден гајдаџија кој исчезнал во тунелите меѓу замокот и Хај Стрит.