Провинцијалска идеја за екскурзија

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
ауу ИЗВИНИ шо не ги читам сите коментари.. шо дијалект е тај шо викате секоја и некоја ден? ако сакаш да ми кажеш, ако не не мораш


НЕЕЕМААА ПРООООБЛЕЕЕЕЕМ, не се вреѓај ти толку што реков да пратиш, само јас лично кога коментирам за нешто сакам да прочитам се за да не повторувам едно исто на секое, ако има коментар што го доловил она што сакам да го кажам, лајк и чао пријатно, зошто да се мазажирам и да се напињам со непотребен хејт? Објасни the_mayor што дијалект е тоа инаку.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
НЕЕЕМААА ПРООООБЛЕЕЕЕЕМ, не се вреѓај ти толку што реков да пратиш, само јас лично кога коментирам за нешто сакам да прочитам се за да не повторувам едно исто на секое, ако има коментар што го доловил она што сакам да го кажам, лајк и чао пријатно, зошто да се мазажирам и да се напињам со непотребен хејт? Објасни the_mayor што дијалект е тоа инаку.
Треба @ пред името за да ме тагниш, за да те забележам.
katetoo кичевчанка е девојката, дијалектот е навика... да не и замеруваме околу правописот- се подразбира што сакаше да каже.:)
Али околу колумната има многу други забелешки побитни од правописот... тоа е веќе дискусија со друг размер и правилен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: katetoo

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
О мај гад,о мај гад,не ја прочитав колумната ама се друго прочитав.
Deviously Devilish
Браво девојченце,не за колумната колку за сета битка што си ја водела низ темава.
Не дека не си претерала,ама не си единствена.
Нападнато било твоето размислување за екскурзијата која си пробала да ни ја доловиш како си поминала,и нормална човечка особина,да се одбраниш.
Сама против сите,а богами и прибрана си била,поготово за тие бунтовни години.
Немој да носиш погрешни заклучоци од првичен впечаток,остави го тоа на другите.
Биди си каква што си,и дружи не низ форумов,без разлика дали ке наидеш на спротивставени ставови или не.
Ти во еден ден си искусила веке се што некои од нас го искусуваа со месеци.
Обрни внимание на секоја критика и извлечи го сето поучно ако има што да се извлече,но не замерувај им на шегобијците тие такви и ке си останат.
Не придавај значање само на позитивните критики,оти немора да значи дека се искрени и обратно,негативните.
Биди си своја,но и самокритична,така најдобро ке го усмериш твојот интелект кон правилниот пат.Иако правилниот е релативен збор.
Имај во обзир дека не бев ниту иронична ниту саркастична.Во тоа ке се увериш доколку продолжиш да не дружиш низ темиве.
Ти посакувам воедно и добре дојде.Се надевам ке прочиташ пред да се избришат офф топиците :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

Anabel Li

Нов член
29 август 2012
1
1
3
Се регистрирав замо за да коментирам на колумнава. Мене ми е ок, ја разбирам фрустрацијата и мислам дека е добро да се артикулира и во колумна, за која патем мислам и дека е солидна. Лично сметам дека конзумеризмот како појава треба да се осуди, сметам дека некои работи што ги наведуваш во колумната се работи на основно домашно воспитување и не треба да се толерираат на ниту една возраст, ќешот - и да го има некој повеќе - не треба да се истакнува и да се покажува оти е тоа приватна работа и не ги прави луѓето помалку или повеќе вредни, и да - дури и на 17 години треба да се има свесност дека во земјата-колевка на европската цивилизација се оди прво да се види, да се научи и да се доживее нешто, а дури потоа на шопинг. И да, правото на секого да си живее и да си се однесува како сака не го прави секој избор и секое однесување прифатливо и оправдливо. Не е сѐ релативно. Тоа што не чини, треба да се посочи. Поздрави.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Не тврдам дека сум најпаметна и незнам ЗОШТО и како сте сватиле од Мислев дека нема толку да се тупи и ќе се свати поентата, дури ме мрзи и да се објаснувам на секое. Ќути си ако, и ја ќе си ќутам џабе зборам изгледа - дека всушност вие сте тупи. Сте чуле за израз - не ми го тупи повеќе? Ај да не го тупиме? Доста се тупи сега? Ајде да не се тупи току? Фала богу дека неможам да сум прва има и пред мене и зад мене нели? Не сум малоумна луѓе, што сте напнале ко пијан за плот незнам. Прочитај го предходниот коментар што го напишав, навистина не гледам поента повеќе во објаснувањево. Во коментариве ќе видиш дека истото го повторувам од текстот на секое, само со повеќе детали од ескурзијата, дури и се извинив на неколку наврати ако не е добро склопено, мислам ако следиш, зошто кога пишувам не едитирам нешто посебно, туку онака како што ќе биде -из прве- си иде, затоа не се нарекувам колумнист. И да се сите негативни и цел свет да е против мене, јас ставот веќе сум го оформила, во коментари само ви ги образложував причините. Навистина сево ова ми е некако....детски, нели? Не гледам поента, ти го имаш твоето мислење дека колумнава ми е грешка и дека ја сум грим рипер што ги искла сите во текстов, а јас мислам дека сум реална и гледам да имам барем каква таква поевропска култура во абтобус.

Европска култура не е ти сите да ги "шпионираш", и после да објавуваш по форуми, мада и сигурен сум дека имаш и озборувано кај тебе низ маало, али не е тоа моја работа. Ако некоја сака да се лакира - ќе се лакира, ако некој сака да се слика на било кое место - ќе се слика, ако некој сака да носи блуза од 300 ден - ќе купи и ќе носи.. Ти треба да си ја гледаш твојата работа, да правиш што сакаш, и да не се интересираш што другите прават. Тоа е европска култура.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Аман бе луге,девојчево си напиша свое гледиште и како она ги доживеала тие работи.
Кого шпиунира?
Каде пишува имиња и презимиња?
Под наводници или не,ако таа напишала тешки зборови и буквални примери во својата таканаречена колумна ова шпиунира ги засенува сите нејзини.
Башка спомнување комшии и слично.Таа барем за она што напиша,го видела,го осетила,ни го доловила од нејзин аспект.
Какви комшии и претпоставки изложувате сега низ темава?
Ајде,муда колку бубрези имаме во излагањето мегу мнозинството,па се губиме што и да напишеме.
Ако таа не си ја гледала својата работа,зарем вие си ја гледате посочувајки и што таа треба да прави?
Па и дефиниции за култура ке солиме.СФашта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Аман бе луге,девојчево си напиша свое гледиште и како она ги доживеала тие работи.
Кого шпиунира?
Каде пишува имиња и презимиња?
Под наводници или не,ако таа напишала тешки зборови и буквални примери во својата таканаречена колумна ова шпиунира ги засенува сите нејзини.
Башка спомнување комшии и слично.Таа барем за она што напиша,го видела,го осетила,ни го доловила од нејзин аспект.
Какви комшии и претпоставки изложувате сега низ темава?
Ајде,муда колку бубрези имаме во излагањето мегу мнозинството,па се губиме што и да напишеме.
Ако таа не си ја гледала својата работа,зарем вие си ја гледате посочувајки и што таа треба да прави?
Па и дефиниции за култура ке солиме.СФашта.
Знае за секој по колку гардероба носи во куверот (го има тоа во колумната), знае по колку фотографии имале ставено девојките на фејсбук. што се сликале со "напрчено газе" (исто, го има и тоа во колумната), знае кој по колку блузи купувал, и по колку пари (го има во колумната)... и уште многу слични работи. Ако тоа не е набљудување и опседнатост со некои личности, тогаш незнам што е. И после ќе кажува што е Европска култура. Иначе, не сакам да ме сфати девојчето погрешно, али што претера со воздигнување на себеси, како сите не биле културни, сите не знаеле да уживаат.. само таа знаела како треба. Би требало да знае дека секој има различни интереси, и нормално, различни начини за уживање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: katetoo

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Знае за секој по колку гардероба носи во куверот (го има тоа во колумната), знае по колку фотографии имале ставено девојките на фејсбук. што се сликале со "напрчено газе" (исто, го има и тоа во колумната), знае кој по колку блузи купувал, и по колку пари (го има во колумната)... и уште многу слични работи. Ако тоа не е набљудување и опседнатост со некои личности, тогаш незнам што е. И после ќе кажува што е Европска култура. Иначе, не сакам да ме сфати девојчето погрешно, али што претера со воздигнување на себеси, како сите не биле културни, сите не знаеле да уживаат.. само таа знаела како треба. Би требало да знае дека секој има различни интереси, и нормално, различни начини за уживање.
Ете,ти и кажа и веке ке знае (facepalm) ....веке кога сакаш да бидеме буквалисти,ти имаш добар осет за шпиуни :)
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Знае за секој по колку гардероба носи во куверот (го има тоа во колумната), знае по колку фотографии имале ставено девојките на фејсбук. што се сликале со "напрчено газе" (исто, го има и тоа во колумната), знае кој по колку блузи купувал, и по колку пари (го има во колумната)... и уште многу слични работи. Ако тоа не е набљудување и опседнатост со некои личности, тогаш незнам што е. И после ќе кажува што е Европска култура. Иначе, не сакам да ме сфати девојчето погрешно, али што претера со воздигнување на себеси, како сите не биле културни, сите не знаеле да уживаат.. само таа знаела како треба. Би требало да знае дека секој има различни интереси, и нормално, различни начини за уживање.


Дечко, јас не се воздигнав. Имаше почеток на реченици како - Ние знаеме да направиме...вака и вака. Значи автоматски и јас сум ставена во тоа. Не реков дека јас сум нешто подобра, јас само коментирав за работи кои ми беа изложени пред фаца. Фала богу јас не изигравав царина, ама незнаеш кај нас колку време пред екскурзија се напиња кој колку пари ќе носи, каде има најголеми куфери...Она буквално, секој одмор или празен чац тие два месеци пред да се трга, се збореше за тоа, и на што таму ќе се троши. Башка имавме компјутери, и сите цело време гледаа слики како предходните генерации се сликале на фб, (она фаците од предходните генерации) и беше повторена истата слика она детаалнооо, исто како глупавоста да се повторува од колено на колено. Бар да имаше креативност да не гледав иста фотка секаде, а фб ко фб, ден по екскурзија на ѕид нема ништо освен тоа. Значи ти сакал неќел, набутано ти е во фаца. Значи нит сум идела по комшии, нит сум оговарала...не ме знаеш, штета што донесе толку брз заклучок, воопшто не сум таква, но на школо ако не правиш за тоа муабет - екскурзија...автоматки не си интересен. Немаш поим како го доживуваат тоа некои луѓе, и мислат дека со самото тоа што ќе идат и цел град ќе ги гледа, мора да изглумат фешн вик, најмногу што можат. Неможам да ти опишам со каква тешка шмизларана и сељачана делам училница. Значи не зборам дека јас сум нешто подобра, за нив сум јас наркоман ете на пример. Тоа нема врска со муабетов, многу оф топик имате некој коментари, само за да се мрчи. Мислам дека после ова имате доволно инфо, но ако сеуште планирате да се контраме, јас не сакам. Нит сакам да почнувам со непријателство, а само што се регистрирав. Ако не се согласуваме на оваа тема, незначи дека на друга треба повторно да не се согласуваме. А тоа што ме навредуваш, немаш никакво право на тоа. Прво јас не те навредив. Второ не ме ни познаваш, и штета голема што имаш погрешно мислење за мене, сепак кај некои луге првиот впечаток тешко се менува. Но нејсе. Ако сеуште мислиш дека ти си во право и јас сум незнам каква, не гледам цел приказнава понатаму да иде, и воопшто расправијава. Не сакам да се расправам со никого, мразам. Се најдобро на сите, и се надевам не ме мразите. Spread peace and love around <3
 

Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Ако сеуште мислиш дека ти си во право и јас сум незнам каква, не гледам цел приказнава понатаму да иде, и воопшто расправијава. Не сакам да се расправам со никого, мразам. Се најдобро на сите, и се надевам не ме мразите. Spread peace and love around <3
Јас ниту се расправам, па ниту те мразам. Јас само коментирам на твојата колумна. Не можеш да очекуваш ти на сите да му се допадне тоа што си го напишала, и да има само позитивни коментари. Сепак, јас сеуште стојам на ставот дека во текстот се навредени неколку групи на луѓе, намерно, али, ете, нека биде по твое, зашо нели, не сакаш расправија. И нема за што да те мразиме, нова си на форумов, исто како и јас, па понатаму ќе се поправиш, се надевам. :)