Проблематични и неудобни чевли

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Ви се допаѓаат потпетиците од излогот, ги меркате долго време и на крај решавате да ги купите. Ги пробувате, добри се, точни се, но кога ќе дојде време да се носат се испоставува дека не се така совршени како што изгледаат. Ве стегаат, ви прават рани и плускавици...
Како се справувате со таквите чевли? Се трудите да ги раширите, да видите што може да се стори или ги фрлате и покрај цената која сте ја платиле?

Или пак ви шлапкаат. Одите и ногата излегува. Како се справувате со овој проблем?

Споделете трикчиња и решенија за проблематичните обувки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Mila Kunis

Doozy

Полноправен Член
26 февруари 2012
63
51
18
Tука некаде ...
Jaс имам слабо ноџе ... И мора чевлите да ми се со ремчиња за да не ми излегува ногата да не ги загубам ... Ма да некогаш тоа го решавам со силиконски влошки :)
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Најголем проблем ми е да најдам точни чевли бидејќи сум измеѓу број 36,5 :( . И стално се дешават да купам чевли бр 37 и оп одма проблем, шлапкање... обично користам силиконски влошки (има во Avon негде 360 ден, ама јас си купив од супер марио за 60тина денари;) ) или многу често знам да облечам 2-3 пара хулахопки за да не мора да се мислам цела вечер дали ќе ја изгубам штиклата :).
Имам слушнато дека ако ти стегаат чтиклите, да ставиш крпчиња со ракија и да ги ставиш во замрзнувач една вечер...демек попуштале...ама немам испробано :unsure
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Имам слушнато дека ако ти стегаат чтиклите, да ставиш крпчиња со ракија и да ги ставиш во замрзнувач една вечер...демек попуштале...ама немам испробано :unsure
И јас имам слушнато за ова,само без крпчињата со ракија :)
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
И мене ми се има ова случено ги пробав се супер и кога почнав да одам во нив ми излегуваше петицата тотално промашено и купив целосни влошки (nod) + силиконските мали и 2 пара хулахопки :giggle и решен проблем