Причините зошто младите „капацитети" ја напуштаат Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Затоа што капацитетите на една млада личност повеќе се ценат надвор од Македонија..
Тука безразлика колку вредиш, доколку немаш јаки врски, се пропаѓа во вода..
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Затоа што никој не сака да ти работи за 200 евра ,и не е глуп некој екстраталентиран како што викаш (со можност на стипендии или под сопствено финансирање(кофинасирање) да ти остане овде да работи,плус Македонија е многу назад во одредени области во споредба со другите земји така да кој има шанса гледа да си овозможи поквалитетна иднина,поквалитетни студии и знаења во секоја област,можност да прошета и да се надогради подобро,а во Македонија може секогаш да се врати во кое било време...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MKD, Trajche and WomanInRed

MKD

Нов член
11 март 2012
24
22
3
35
Скопје
Затоа што никој не сака да ти работи за 200 евра ,и не е глуп некој екстраталентиран како што викаш (со можност на стипендии или под сопствено финансирање(кофинасирање) да ти остане овде да работи,плус Македонија е многу назад во одредени области во споредба со другите земји така да кој има шанса гледа да си овозможи поквалитетна иднина,поквалитетни студии и знаења во секоја област,можност да прошета и да се надогради подобро,а во Македонија може секогаш да се врати во кое било време...

Точно, може да се врати, ама не верувам дека би се вратил да работи..може би се вратил да си ја троши тука странската пензија, што е многу логично и рационално! Баш вчера слушам `ќе се промовирале нови планови за задржување на македонските мозоци со отворање на нови работни места`.. Во ред е тоа, меѓутоа, дали македонската Влада е финансиски моќна да тие интелигентни лица, или едноставно успешни во своето поле на работа, ги исплаќа со месечни примања како и во странство? Еве пример, со мојава професија, во Србија земаат 1200-1300 евра, Хрватска 1500-1700, додека Австрија, Франција и САД земаат 60 долари на час, што е 10.000-12.000 долари месечно! А овде, јадните ние, земаме 500-700 евра! Епа нормално е дека ако се укаже прилика за надвор дека ќе се искористи тоа!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557

Извини вака, ако може да ни кажеш која е твојата професија, ако не е тајна.
 
D.Kettering

Нов член
14 февруари 2013
18
22
3
Причината лежи - во луѓето. Не станува збор ниту за работоспособност, ниту за територијална големина ниту за потенцијал. Се што е потребно поседуваме но на човек можеш да му земеш, а да му дадеш памет малку потешко. Секој гледа да искористи да зграпчи. Висината на платата произлегува од економската развиеност. А ние не можеме да се развиеме токму поради лошите навики што не дрмаат и тоа јако. Зошто да се вложи труд кога може да се прогледа низ прсти? Епа ќе бегаат, нормално ќе бегаат..
 
Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Кога би почнала да пишувам зошто ќе ми треба повеќе време а и нели не треба да мешаме политика.Епа,мое мислење кратко би рекла поради тоа што нема работа во нашата ни државичка,а и да има работа пример за економист со солидни оцени на факултет,ќе си најде работа на некое место каде ќе зема 6000 ден.Братучед ми е пример за тоа,отпрвин сакаше да се откаже па ајде ќе останел поради тоа што за некое време демек ќе му ја покачеле платата.Самите сме свесни колку економисти и правници има во нашата држава,а работа нема.Учителки,професорки колку што сакаш.Многу луѓе учеле за едно,а работат нешто сосем трето поради тоа што нема работа.Според ова,би рекла дека во другите земји повеќе се плаќа работната сила :).Таму месечната плата му е 1000 евра пари што ние неможеме ни да ги замислиме.И како после немало да бидат понапредни? Во САД земаат по 500 денари од час,а кај нас по 40 денари.Епа има разлика ;)
 
Прво, оценката на факултет не е мерило за знаење... Некој ги добива чесно, некој не... Друго, работа има... Ама луѓето не се нафаќаат, очекуваат директорско место од небо да им падне. За да имаме плати треба да го покачиме БДП. За да покачиме БДП, не треба да се правиме "од големото утро" туку да се фатиме за работа.
 
Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Прво, оценката на факултет не е мерило за знаење... Некој ги добива чесно, некој не... Друго, работа има... Ама луѓето не се нафаќаат, очекуваат директорско место од небо да им падне. За да имаме плати треба да го покачиме БДП. За да покачиме БДП, не треба да се правиме "од големото утро" туку да се фатиме за работа.
Ти нема да очекуваш директорско место ако имаш завршено на познатите универзитети во светот? За некој е мерило за знаење,али би рекла дека се се заснова на пракса.Без тоа ништо.