Припремање и организирање пред патување

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Сите сме среќни кога имаме можност да патуваме некаде. Си мислиме што се можеме да направиме додека сме време на тоа патување, како ќе помине и како ќе изгледа целиот „тек“ на настаните.

Сепак, припремањето и организирањето пред да започнеме со тоа патување се неопходни. Потребно е да се земат многу работи, да се внимава да не се заборави нешто, но и да не земаме премногу работи кои би претставувале само дополнителен товар при реализирање на нашето патување.

Дали имате некаков план пред патување за припремање на оние работи кои ви се потребни за тоа патување?

Кога се спремате? Дали чекате во последен момент или сакате лежерно да се спремате во тек на неколку дена пред поаѓањето?

Дали до сега ви се има случено да земате повеќе или помалку работи од планираното и доколку е така, каков е исходот од таа постапка?

Кои се вашите искуства околу премногуте или премалкуте работи кои би требало да ги имате со себе на едно патување?

Совети и практични примери кои би помогнале при пакување...
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
1 недела пред патување почнувам со припреми :D Секојдневно правам списоци за тоа што треба да купам, што треба да паковам.
Секоја година земам многу работи (само тоа што ми е потребно, демек) а пола од нив не ги ни користам :/
Земете си малку алишта, оние кои најмногу би ви користеле. Лекови и такви работи обавезно да си земете :)
Друго не ми текнува -,-
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Правам така подолгичок список со денови унапред и пак се спремам во последен момент.
Секое заминување е истото: „А не, сега ќе земам само најосновни работи.“
И на крај се се сведува на преселување на пола плакар во куфери, цела аптека во несесер, козметика на лагер... Ма ко да пакувам за десет души не за една...
И така.
Ама враќањето е пострашно бидејки на сето тоа се додаваат уште „неколку“ торби од шопингот таму...
 

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
за патување имам неколку основни правила:
1. колку денови престој - толку пара долна облека и чорапи,
2. план колку вечери ќе се излегува, за да се направат комбинации за излегување, секогаш некој пат повеќе хулахопки
3. облека која лесно се комбинира, за да не мора да се носат повеќе алишта
4. здравствена книшка и најосновни лекови
5. шнолички и ластичиња за коса, венчиња, за оние "имам само 5 минути" моменти
и најважно, ако не патувате повеќе од еден месец, ако не го собира багажот во една голема или две мали торби, премногу е!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас си се спремам 4-5 дена уназад. Одам до Веро или сличен голем маркет, ќе изнакупувам свашта. А организирањето ми е во преден план. Но секогаш се организирам како, што, 1 недела пред да тргнам. :DКај мене до последен момент не се знае. И после се ми доаѓа наеднаш.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
37
Скопје
- Се прави список 1 недела унапред за да може да се испере тоа што треба.
- Моето мото е: Always travel light!!!!!!!
- Прво се пакува рачен багаж пошто таму се клучните работи што ќе ми требаат и ако патувам со авион во рачниот багаж носам некои ствари со кои ќе преживеам неколку дена во случај да се изгуби куферот по аеродроми.
- Пакувам стварно само работи што ги користам и тоа што е можно помалку облека, обавезно два пара апостолки, на мене патики и ЕВЕНТУАЛНО пар сандали.
- Обавезно се носи аптека :sreken
- Од козметика: гел за миење лице, крема за лице, пудра, римел, лабело, паста и четка за заби
- Мало пешкирче само за лице, пошто сегде има пешкири сега
- Влажни марамици и паломи ставам во сите џебови на се :)
И тоа би било тоа... Ме бива многу за пакување, ако сакате совети обратете се кај мене ;)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,032
9,656
1,683
Normandy
Еден уназад коа патувам натака.
Праам по скалило на приоритети
Мобилен, клуч, документи, пари во џеб у старт.
Облека
Аксесоари (маска за нуркање, лаптоп, iPod, пуњачи)
Листа на книги

Е коа се враќам од таму се прави цел план
- проверка на сите апарати за домаќинство дали се исклучени
- Водовод, струја и плин такоѓе.
- чистење на домот/перење постелнина
- затворање на прозорци, шкури, врати.
- собирање на горенаведените донесени ствари
- клуч, мобилен, документи, пари во џеб
- Капија под катанец, клучот со себе.
и пут под ноге.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
28
Куманово
Па едну недељу пред да појду купу ако треба нешто да се купуе и едн дн пред да појду се спремам.
Ако сам тамо 10 дна, почну, прв дн кт ке стану тој тој и тој ке завршу тој ке носу тг тој тгтој, втор дн кт ке стану ке завшу тој тој и тој ке носу тг тој тг тој и за свак дн такој. Никад не ми се е десило да забраву нешто едино сс мене можу да носу 1 пар патике евентуално 2, зашто су ми много големи, едн пар 1/4 од куфер. Ако е на планину зему и трењерке 1-2 пара, а и да не е на планину оабвезно 1-2 пара трењерке за свак случај да не се тресу како прут.