Принципи како биоритамсикиот часовник 08, 17, 00.- не сум принципиелен, скоро секогаш одстапувам.
Животот не го распоредувам према правила или некој наметнати критериуми, мошне често одстапувам како бунтовник.
Во некои сегменти морам да сум строго принципиелен доколку се залгам за успех. Но во повеќето јас сум флексибилна личност, секоја фикција негативно се одразува на мене.
Скоро секој човек одстапува од разно-разни причини, дали тие причини се базирани врз религиозните принципи, работниот однос, моралните или правните норми, социалниот живот и слично. Не постои лик на светот кој 100% ги запазил своите определени животни критериуми- никој не е совршен.
Постојат луѓе кои под принципи подразбираат- не пијам алкохол. Зарем нема да се напие на неговата свадба, зарем нема да се опијани кога ќе му се роди дете, зарем тој човек нема да покрене здравица во чест на неговиот брат , сестра, некој близок, каде 20 луѓе наздравуваат со шампањ, кој фрик би излегдал да не си го погази својот принцип и да наздрави со швепс- Никогаш не вели никогаш.
Секако дека постои ликови во некои сегменти, каде здравјето им налага да се придржуваат на принципите како на пример- диабетичарите да внесуваат односно да не венсуваат благо во својот организам, превисок холестерол каде се ограничени да конзумираат само салати или тестенини во минимални количини, и некои слични да не ја збогатувам темава со болести.
Принципи каде вегетаријанците не јадат месо. Секако дека одспапиле барем до нивната 10та година кои до тогаш терминот вегетаријанец бил непознат за нив.
Премногу има да се зборува за принципи нивните разграничувања и обсеци, причината која ги тера да се приджуваат на истите, односно нивниот систем на вредности се темели на принципи.