Прилеп

Дали сте го посетиле Прилеп и каков впечаток ви оставил?

  • Сум го посетил/а, но не ми оставил голем впечаток

    Гласови: 17 32.7%
  • Не сум го посетил/а, но планирам да го посетам

    Гласови: 5 9.6%
  • Сум го посетил и ми оставил голем впечаток

    Гласови: 10 19.2%
  • Не сум го посетил/а и не планирам да го посетам

    Гласови: 1 1.9%
  • Воодушевен/а сум од градот, прекрасен град

    Гласови: 19 36.5%

  • Вкупно гласале
    52

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Македонско-мексиканска љубов преку интернет
FB8CA3AA-338C-47C7-A8C2-519C874D4904_w640_r1_s_cx0_cy11_cw0.jpg


Роландо Васкез од Мексико ја запознал прилепчанката Ирена на интернет. По седум месеци дошол во Македонија по неговата он-лајн љубов


Ирена е од Прилеп, а Роландо од Монтереј. Не ни сонувале во животот, дека вистинската љубов ќе ја запознаат и доживеат на интернет и дека токму со он-лајн комуникација ќе го започнат нивниот прекрасен, возбудлив и необичен живот. Приказната започнала пред 4 години, додека Ирена слушала музика, а Роландо и пратил порака консултирајќи ја за некоја заедничка композиција. Така започнала љубовната идила која се уште трае, а веруваат нема да прекине никогаш.

Се запознавме значи на интернет преку страница Bearshear. Слушав музика и случајно ја видов пораката што ми ја прати тој, во почетокот не размислував да започнам пријателство, да почнам контакт со него, но подоцна одлучив да почнам пријателство и продолживме да се допишуваме на истата страница.
Ирена Васкез.

Роналдо бил цврсто уверен дека таа е љубовта на неговиот живот, вели го слушал само гласот на срцето и затоа резервирал авионска карта, се поздравил со домашните, им кажал дека заминува и дека не знае кога повторно од Македонија ќе се врати во родното Мексико.
Втората недела, тогаш, јас реков дека таа ќе биде за мене и еве многу ми е убаво, по 7-от месец дојдов во Македонија. Ја видов првпат на аеродром и љубов, нема друго што да кажам, прв пат ја гледам и од тогаш реков, таа е, ја сакам.
Роландо Васкез.

Уште при првата средба со родителите на Ирена, се почувствувал како дома, без никаков проблем, се радувал на секој момент, поминат со нејзините.

„Да како дома исто, многу ми беше убаво и сега ми е убаво и така ќе биде цел живот. Имам многу пријатели во Прилеп. Многу забави сакаме и многу сакаме да се дружиме и во Мексико и во Прилеп. Многу ми е убаво тука во Прилеп, народот е прва лига, петка“, раскажува Роландо.

По четири години поминати во Прилеп, се обидел многупати да најде работа, зашто има дипломирано на Државна администрација, но вели дека јазикот се уште му е проблем. Од друга страна тој е разочаран од екстремно ниските плати кои им се плаќаат на работниците, кои често изнесуваат и 5.000 денари, со кои не може да се купат ниту прехранбени намирници.

Затоа планира да заминат од Македонија во Мексико. Во фирмата на својот татко да работи извесен период, а кога доволно ќе заработи да се вратат во Прилеп, да купат дуќан и да го продолжат животот.

Ирена исто така со љубопитство го чека моментот на заминување во Монтереј, за да го запознае семејството на сопругот. Во меѓувреме е опсипана од подароци од свекрвата и золвите кои постојано и праќаат нови изненадувања, зашто Роландо, како што вели, им е единствен син во семејството, кое е пресреќно со неговата женидба.

Што точно ќе се случува натаму, велат не знаат, но цврсто се убедени дека нивната љубов ќе расте низ животот, дека ќе го прошират семејството и дека можеби низ годините добро ќе функционираат на релација Монтереј-Прилеп, иако Роландо веќе го избрал Прилеп за животна дестинација, зашто овде се живее мирен и тивок живот, наспроти трката по пари која што секој ден им одзема огромен дел од уживањето на жителите во 5-милионскиот Монтереј.

Код:
http://10bez10.com/vesti/2637-makedonsko-meksikanska-ljubov-preku-internet
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Hawk and WomanInRed

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Нај омилениот мој град, засекогаш ќе ми биде N1.. за некој ден ќе одам натаму да си ги видам другарките.... Едноставно нели го обожавам градот и народот таму, што би рекле прилепчани Лујџето....
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Џеј Рамадановски, Есма Реџепова, Петар Грашо, Влатко Стефановски, Кирил Џајковски се дел од имињата кои ќе настапат на овогодинешниот „Пивофест“ кој почнува на 12 овој месец во Прилеп.

Бидејќи е 10-ти роденден, организаторите тврдат дека годинава ќе бидат урнати рекордите на посетеност, а најавуваат и претставници на повеќе пиварници од странство. Локалната власта очекува сите мотели и хотели да бидат преполни од туристи, а место за гостите ќе има и во камп место во паркот на „Могилата на Непобедените“.

http://10bez10.com/vesti/2663-lepa-brena-zheljko-i-dzhej-kje-pejat-na-prilepski-pivofest
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Hawk

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Охриѓанец и прилепчанка во кревет.
Охриѓанецот:
- Леле шо си уба, колку убај очи имаш, па то лицето убо, па меки рачина, секси рамно стомаче, цврсто газе...
Прилепчанката :
- Че ми го клајш или попис че прајме? :DDDDDDDD
 

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
дојдоф видоф победиф : P hhhh мноо пут порано сам бија, ск одамна не сам, газеше на терените на мермерно езеро и там тија маркови кули : ) еј приметија сам у прилеп сфи мушки се викаф јане маријан мартин или марко : )
Јас пак мислев дека најчести машки имиња се Александар и Филип :) по шо сите шо ги познавам се со тие имиња :)
Иначе сум била во Прилеп градот и Прилепчани се ептен ок а скарата ЗАКОН.