Признавам дека тешко се справувам со тагата и болката во мене
признавам дека го сакам и посакувам
признавам не знам да сакам половично или умерено,кога сакам нема граница за моите емоции ни за мене
признавам дека се мразам што понекогаш сум слаба и потклекнувам во ситуации кога треба да бидам цврста и одлучна
признавам дека премногу пушам цигари во последно време
признавам дека сум брза на јазик и многу лесно избувнувам
признавам дека знам да се извинам ако погрешам некому а и да простам во обратна ситуација.