Приватни универзитети во Скопје

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Овие ти се сите во цела Македонија

ФОН Универзитет
Европски Универзитет Македонија ЕУРМ
ЈИЕ Универзитет
Универзитет за туризам и менаџмент Скопје
University American College Skopje
МИТ Универзитет
New York University Skopje
Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА
Меѓународен Универзитет Струга
International Balkan University
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and 4FUN

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
И ајде кога сте веќе кај приватните, дали има најдобар и кој е тој?
Тетин ми беше на Европски универзитет и убаво си помина...
Сега имам другарка на Американ Колеџ и таа супер си поминува....
Ама имам и други познаници што многу се жалат од приватните, не се задоволни. А и нормално, плаќаш па мора да поминиш.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
И ајде кога сте веќе кај приватните, дали има најдобар и кој е тој?
Тетин ми беше на Европски универзитет и убаво си помина...
Сега имам другарка на Американ Колеџ и таа супер си поминува....
Ама имам и други познаници што многу се жалат од приватните, не се задоволни. А и нормално, плаќаш па мора да поминиш.

Еве и јас сум на УТМС. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
А и нормално, плаќаш па мора да поминиш.

Не си во право, барем зборувам за американскиот колеџ - факултетот за странски јазици. :)
Зависи од тоа како ќе се поставиш и со кои (не)исправни методи, зашто ако така гледаме, ќе ти посочам дузина примери и од државните факултети, кајшто студентите „морало“ да поминат.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Приватните се подобри од државните. Посредени се, со подобри професори итн. И немора да се печам во жештината да одам да полагам. Се знае, се завршува на почеток на јуни или мај на крајот и готово.

Е сега незнам дали е акредитиран факултетот (од студентски не знаат, освен ректорот никој не знае), а на факултет не одам зошто сум вонреден и одам само да полагам), за да се запишам во Бугарија (Софија или Благоевград). И ќе видиме каква ми е среќата, ако ги признаа предметите и факултетот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and Nighty

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Приватните се подобри од државните. Посредени се, со подобри професори итн. И немора да се печам во жештината да одам да полагам. Се знае, се завршува на почеток на јуни или мај на крајот и готово.

Во право си околу 70% од посочените факти. А јас сум подготвен и ако треба конкретно да посочам (како трансфер-студент) колку повеќе напреднав на лично поле (со јазикот и струката) откако се префрлив на американскиот колеџ од филолошки, и тоа поради 4 испити кои не можев да ги положам на државниот, иако просекот ми беше (и се’ уште ми е) 9.7. Дури и кога се префрлав, деканот на факултетот за странски јазици ми ги гледаше оцените и се чудеше зошто воопшто се префрлам. Но, мислам дека тоа ми беше една од најубавите одлуки што ги донесов на лично поле пред една и пол година. Нормално, и тука има маани и недостатоци, ама барем она од што најмногу напреднувам јас ми е целосно погодено. :)
Во меѓувреме, на државниот, бев уште еден во низата студенти кои се запишале, дошле и прошле низ факултетот. Чувствував застој во моите знаења и можности по извесен период, зашто индивидуална работа практично и да нема, и онака секоја година само се „тркаат“ колку повеќе студенти да примат. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14