Леги, не му се секирај, зијан ќе се во Македонија да дојдат.
Можда па секташи биле, па планинарењето им било изговор да се саможртвуваат.

Шала на страна, за случајов колку што знам, петмина од нив немале никакви повреди на себе, што не укажува на никаква виша сила, туку, како што и беше кажано, умреле од хипотермија.
Останативе четворица што биле најдени подалеку, е за нив може да се каже дека наебале. Всушност, еден имал само мала повреда на черепот, но не била фатална за да резултира со смрт, но другиве пак биле ужас.
Ама! Кога немало очевидци наоколу, кој гарантира дека немало никој друг освен овие деветмина?
Плус ова со неносењето чевли, интересно изведено. Траг од чорапа нема специфичности, а со чевла, според ѓонот ќе се препознае чија е. Мада и чевлите може да се сменат.
Сепак, паметно одиграно ако било дел од план за елиминација.
И да не заборавиме, се работи за 1959, кога технологијата ни приближно не била на ова ниво.
А во поекстремни случаи на хипотермија, човек баш и не е најсвесен за себе. Кој гарантира дека некој од тие деветмина, всушност не покренал некаква забуна, па овие поспани грабнале што нашле и во заблуда избегале?
Нормално дека ќе се испочукам и ќе измрзнам до смрт.
А подоцна и се испоставило дека во близина била лансирана и ракета, што значи дека е можно да имало некаков погон со радиоактивно оружје. И ако не инсекти, чавки гарант им ги исколвале очите, па и кај умрено животно, тоа прво прават.
Вонземјани - мало морген. Да бре мамата, само Русија и Америка ја сакаат.