Премиер Лига | FA Premier League (2013-14)

Кој тим ќе биде прв во ПЛ?

  • Манчестер Сити

    Гласови: 0 0.0%
  • Евертон

    Гласови: 0 0.0%
  • Вест Бромвич Албион

    Гласови: 0 0.0%
  • Свонси

    Гласови: 0 0.0%
  • Вест Хем Јунајтед

    Гласови: 0 0.0%
  • Норвич Сити

    Гласови: 0 0.0%
  • Фулам

    Гласови: 0 0.0%
  • Стоук Сити

    Гласови: 0 0.0%
  • Саутемптон

    Гласови: 0 0.0%
  • Некој друг клуб (ќе наведам во коментар)

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    22

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Каков кикс направиле Челзи, изгубиле од Кристал Палас 1:0, Арсенал со Сити нерешено 1:1. Многу интересна и неизвесна сезона жими се, Ливерпул денес 4:0 против Тотенхем и сега се први со 71 бод 2 повеќе од Челзи. Ливерпул имаат тешки утакмици до крај, дома со Челзи и со Сити, а Челзи па нема нешто тешки до крај освен на гости кај Ливерпул. Иначе вчера на ВБА со Кардиф паѓале голови на секоја минута :zelen, гледав хајлатс прееска ВБА дале гол во 93та за 3:2 и во следниот напад Кардиф дале гол за израмнување :rofl.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мојс откако го касна пајак не знае за неуспех :franticгази се` пред себе. Бајерн beware, here comes David.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Изгледа оваа сезона ќе биде најбизарна во премиер лиг.
LiverPoo третина голови ги има дадено од сомнителни пенали ради дајвови и гаѓање на противничкиот играч во рака, третина автоголови или дифлекшн од противникот и третина ради индивидуални квалитети на Суарез. Заклучок - голема е шансата LiverPoo да биде шампион. И вреќа со компири на клупа би остварила ист број бодови со две третини килави голови, поклони, дајвови, одбивања и слично.
Прашање е дали и Венгер се претвора во компир?!(shake)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Венгер веројатно се спрема за полуфиналето во ФА-купот, ама ако продолжи вака во лигата ќе направи последната утакмица да одлучува дали ќе игра квалификации за ЛШ.
Пред некое време осамна една „убава“ вест дека Абрамович го контролира Витезе од Холандија. Ако се докаже ова, не верувам дека убаво би го третирале Роман во Англија иако кога се пари во прашање друг муабет се прави.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не верувам дека е само до Венгер, макар и да го изгуби местото во ЛШ. Играчите се чудни, се влечат на терен како црева, без желба за игра, инвентивноста ја оставаат по патот накај стадион. Евертон гризе сега, на пат се кон пронаоѓање на светиот грал, учество во ЛШ, нешто кое остана неостварена желба во ерата на Спајдермојс. Иако рака на срце, тогаш не беше каснат од пајак... редовен клиент на Венгер.... оваа сезона Мојс не прими гол од Венгеровата екипа.:showoff
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Фун фацт фром бритисх фоотбалл

Бејл и Ремзи, двајца од најталентираните играчи во Европа ќе му се придружат на Гигс, Марк Хјуз и Белами во невер-гона-плеј-ин-ворлд-кап клубот :(
Затоа пак рандом лик од Хондурас со две леви нозе - ќе игра на две по ред (не дека знам некој играч од Хондурас, онака како рандом пример)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сеа гледам статистика, Евертон 2004-05 завршиле 4-ти, поминале на квалификациите за ЛШ со Мојс како менаџер. Исто така Мојс го продаде Руни на Фергусон, играчот што знаеше да ги извади Евертон во 90+ (а го чуваше на клупа ко што Фергусон го чуваше Солскер). 10 години подоцна пак се заедно и пак се борат да стигнат до 4то место.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сеа гледам статистика, Евертон 2004-05 завршиле 4-ти, поминале на квалификациите за ЛШ со Мојс како менаџер. Исто така Мојс го продаде Руни на Фергусон, играчот што знаеше да ги извади Евертон во 90+ (а го чуваше на клупа ко што Фергусон го чуваше Солскер). 10 години подоцна пак се заедно и пак се борат да стигнат до 4то место.

Комшии биле со Фергусон во Глазгов, Дејви е селтиково дете, Фергусон се мотал во Ренџерс, садел тикви со Абердин после, ама изгледа одамна си го имале муабетот. Hence, неочекуваната одлука од толку звучни тренерски имиња Ферги да инсистира на Спајдермојс за наследник се должи на добри комшиски односи, може сопругата на Ферги одела кај Мојсофци на кафе и лаф-муабет :zelen
Него, Евертон мислам испадна од некого тогаш во квалификации за ЛШ, не беше во групна фаза, што значи дека светиот грал сеуште не е откриен.

П.С. Мартинез нешто сега важи за д некст грејт тинг во Англија, којзнае дали ќе успее со оглед на клубот во кој работи. Дали ќе оствари мојсолики резултати или Евертон ќе маршира кон титули?
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Комшии биле со Фергусон во Глазгов, Дејви е селтиково дете, Фергусон се мотал во Ренџерс, садел тикви со Абердин после, ама изгледа одамна си го имале муабетот. Hence, неочекуваната одлука од толку звучни тренерски имиња Ферги да инсистира на Спајдермојс за наследник се должи на добри комшиски односи, може сопругата на Ферги одела кај Мојсофци на кафе и лаф-муабет :zelen
Него, Евертон мислам испадна од некого тогаш во квалификации за ЛШ, не беше во групна фаза, што значи дека светиот грал сеуште не е откриен.

П.С. Мартинез нешто сега важи за д некст грејт тинг во Англија, којзнае дали ќе успее со оглед на клубот во кој работи. Дали ќе оствари мојсолики резултати или Евертон ќе маршира кон титули?
2005/06-та вика дека Евертон 2-4 Валенсија. :D

A замисли ќерка му на Мојс да се плеткала нешто со тројката на Фергусон. Sounds legit. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
2005/06-та вика дека Евертон 2-4 Валенсија. :D

A замисли ќерка му на Мојс да се плеткала нешто со тројката на Фергусон. Sounds legit. :D

Дефинитивно нема среќа Мојс, тогаш Валенсија била јака, од толку скапани противници, динамо-загреби и штурм-грацови му се паднал најтешкиот сигурно...:(