D
Deleted member 10294
Гостин
Пред неколку месеци (поточно во јули 2022) почнав да го применувам начинот на исхрана од приватната здравствена ординација „Срце“. Првите два месеца ослабев 6,5 кила, но од тогаш до сега не слабеам, а сѐ уште го практикувам тој начин на исхрана. Ми направија начин на исхрана кој се состои 90% од месо, риба, а другото е печурки, блитва, спанаќ и леќа, овошјето е забрането, од леб дозволен е лебот без брашно и без квасец, соковите се забранети, од кафе можам само Франк и Еспресо да пијам. Ме интересира дали некој го држел или го држи овој начин на исхрана? Зошто не можам да намалам уште килограми, кога се придржувам до тој начин на исхрана? Дали може од овој начин на исхрана да се појават камења во бубрезите?