Еве сум веќе отпатуван, ОВДЕ СУМ И СЕГА, во Млечниот Пат.
Памтиш кога јадеше јаболко? Зошто тоа не е „сега“?
Еве сум веќе отпатуван, ОВДЕ СУМ И СЕГА, во Млечниот Пат.
Памтиш кога јадеше јаболко? Зошто тоа не е „сега“?
Кога јадам јаболко јадам јаболко. Кога со прстите шкрапам по тастатура шкрапам по тастатура, СЕГА пишувам дека претискам на копчето Испрати мислење. Без времеПамтиш кога јадеше јаболко? Зошто тоа не е „сега“?
Се е само точка на нашето гледиште.тоа е „сега“ пер само ти не го глеаш тоа...
Памтиш кога јадеше јаболко? Зошто тоа не е „сега“?
Кога јадам јаболко јадам јаболко. Кога со прстите шкрапам по тастатура шкрапам по тастатура, СЕГА пишувам дека претискам на копчето Испрати мислење. Без време
Утре сеуште не постои, но ќе постои. Кога ќе дојде утре чекам да кажеш дека си згрешила и секое утре да го правиш тоа. Јас знам дека ќе постои утре. Тоа што јас можеби нема да го дочекам е друга работа.
Епа времето е составен дел од универзумот. Универзумот има граници и со тоа го решаваш прашањето на бесконечноста и бесконечната енергија, односно потврдуваш дека не постои бесконечност и бесконечно количество енергија.
Да, све е сега. Внимавајте вашето сега да не стане после, ама како што гледам постанало, така да ви биде животот по сложен, сте почнале да верувате и во време, кое го контролира секое човечко битие како робот. ВРЕМЕТО НЕ ПОСТОИ, ДВИЖЕЊЕТО Е МОМЕНТАЛНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА, ПОСТОЈАНО ИМАМЕ ДВИЖЕЊА,но каде околу тебе гледаш време?
Тоа што сум најубав си има врска со времето, darling?Гравитација гледаш? Брзина гледаш? Треба да ги видиш, за да знаеш дека постојат? Пишав погоре дека не е појава, и не треба да биде за да постои. Доволно е да постои нешто што зависи од време.
Движењето кое го нарекуваш моментална егзистенција е разгледувано како зависност од брзините во три насоки и времето. Да не беше така, немаше да имаме инфинитезимално сметање, без кое немаше ти денес да користиш компјутер да речеме.
Штом времето е составен дел од универзумот, а универзумот има крај, значи и времето има крај. Тоа значи дека може да престане да постои секој момент, што значи не можеш со сигурност да тврдиш дека постои утре. И што е утре кога не се случило? Не е дел од времето, само претпоставка. А штом универзумот има граници, значи има почеток и крај. Истото е и со времето. И што било пред тоа? И како настанало?
А дали минатото е само збир на спомени? Тоа што се случило, се случило, сега е поминато. Gone. Не постои. Да, дел е од твојот мозок, односно твојата меморија, знаеш дека се случило. Но, поминато е. Да, Хитлер постоел и знаеме дека постоел така што некој ја кажал неговата меморија и ние сме ја слушнале. Ако некако можеш да го почувствуваш времето, тогаш тоа е преку сегашноста. Минатото е нешто што веќе не постои освен како меморија, иднината е нешто што не се случило, само е претпоставка, а сегашноста е според човековите мерила, на пример секунда. Секунда се префрла во наредна секунда, правејќи ја првата секунда минато (не постои веќе) и правејќи ја втората секунда иднина, која што се претвора во минато. Сегашноста не се мери, додека минатото и иднината (до некаде) се мерат. Што на некој начин го прават времето и постоечко и непостоечко, зависи како гледаш на работите.
А што се случува кога патуваме? Од Македонија до Германија потребни ти се 2 до 3 часа да стигнеш со авион, додека пак со кола потребни ти се 25 до 30 часа. Што се случува со авион, го забрзуваме времето? Со кола го успоруваме? Или пак станува збор за движење? Значи, се движиме низ време?
Што знам, има разни аспекти поради кои не може целосно и вистински да се сфати перцепцијата на времето.