Постои ли време?

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Памтиш кога јадеше јаболко? Зошто тоа не е „сега“?
Кога јадам јаболко јадам јаболко. Кога со прстите шкрапам по тастатура шкрапам по тастатура, СЕГА пишувам дека претискам на копчето Испрати мислење. Без време
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Памтиш кога јадеше јаболко? Зошто тоа не е „сега“?

Оти јадев утре.:D

Дај не зезајте, јес да и јас малку субјективно го дефинирав времето, но јас не сум научник. А да се дефинира нешто, секако треба да се има и научна објективна поткрепа.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Кога јадам јаболко јадам јаболко. Кога со прстите шкрапам по тастатура шкрапам по тастатура, СЕГА пишувам дека претискам на копчето Испрати мислење. Без време

Јас те прашувам „Дали ѕидот е бел?“ ти ми даваш одговор „Портокалот е овошје“. Ај заеби.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Утре сеуште не постои, но ќе постои. Кога ќе дојде утре чекам да кажеш дека си згрешила и секое утре да го правиш тоа. Јас знам дека ќе постои утре. Тоа што јас можеби нема да го дочекам е друга работа.

Епа времето е составен дел од универзумот. Универзумот има граници и со тоа го решаваш прашањето на бесконечноста и бесконечната енергија, односно потврдуваш дека не постои бесконечност и бесконечно количество енергија.

Штом времето е составен дел од универзумот, а универзумот има крај, значи и времето има крај. Тоа значи дека може да престане да постои секој момент, што значи не можеш со сигурност да тврдиш дека постои утре. И што е утре кога не се случило? Не е дел од времето, само претпоставка. А штом универзумот има граници, значи има почеток и крај. Истото е и со времето. И што било пред тоа? И како настанало?

А дали минатото е само збир на спомени? Тоа што се случило, се случило, сега е поминато. Gone. Не постои. Да, дел е од твојот мозок, односно твојата меморија, знаеш дека се случило. Но, поминато е. Да, Хитлер постоел и знаеме дека постоел така што некој ја кажал неговата меморија и ние сме ја слушнале. Ако некако можеш да го почувствуваш времето, тогаш тоа е преку сегашноста. Минатото е нешто што веќе не постои освен како меморија, иднината е нешто што не се случило, само е претпоставка, а сегашноста е според човековите мерила, на пример секунда. Секунда се префрла во наредна секунда, правејќи ја првата секунда минато (не постои веќе) и правејќи ја втората секунда иднина, која што се претвора во минато. Сегашноста не се мери, додека минатото и иднината (до некаде) се мерат. Што на некој начин го прават времето и постоечко и непостоечко, зависи како гледаш на работите.

А што се случува кога патуваме? Од Македонија до Германија потребни ти се 2 до 3 часа да стигнеш со авион, додека пак со кола потребни ти се 25 до 30 часа. Што се случува со авион, го забрзуваме времето? Со кола го успоруваме? Или пак станува збор за движење? Значи, се движиме низ време?

Што знам, има разни аспекти поради кои не може целосно и вистински да се сфати перцепцијата на времето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Да, све е сега. Внимавајте вашето сега да не стане после, ама како што гледам постанало, така да ви биде животот по сложен, сте почнале да верувате и во време, кое го контролира секое човечко битие како робот. :) ВРЕМЕТО НЕ ПОСТОИ, ДВИЖЕЊЕТО Е МОМЕНТАЛНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА, ПОСТОЈАНО ИМАМЕ ДВИЖЕЊА,но каде околу тебе гледаш време?

Гравитација гледаш? Брзина гледаш? Треба да ги видиш, за да знаеш дека постојат? Пишав погоре дека не е појава, и не треба да биде за да постои. Доволно е да постои нешто што зависи од време.

Движењето кое го нарекуваш моментална егзистенција е разгледувано како зависност од брзините во три насоки и времето. Да не беше така, немаше да имаме инфинитезимално сметање, без кое немаше ти денес да користиш компјутер да речеме.
 
Тоа што сум најубав си има врска со времето, darling? :rolleyes:
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Штом времето е составен дел од универзумот, а универзумот има крај, значи и времето има крај. Тоа значи дека може да престане да постои секој момент, што значи не можеш со сигурност да тврдиш дека постои утре. И што е утре кога не се случило? Не е дел од времето, само претпоставка. А штом универзумот има граници, значи има почеток и крај. Истото е и со времето. И што било пред тоа? И како настанало?

А дали минатото е само збир на спомени? Тоа што се случило, се случило, сега е поминато. Gone. Не постои. Да, дел е од твојот мозок, односно твојата меморија, знаеш дека се случило. Но, поминато е. Да, Хитлер постоел и знаеме дека постоел така што некој ја кажал неговата меморија и ние сме ја слушнале. Ако некако можеш да го почувствуваш времето, тогаш тоа е преку сегашноста. Минатото е нешто што веќе не постои освен како меморија, иднината е нешто што не се случило, само е претпоставка, а сегашноста е според човековите мерила, на пример секунда. Секунда се префрла во наредна секунда, правејќи ја првата секунда минато (не постои веќе) и правејќи ја втората секунда иднина, која што се претвора во минато. Сегашноста не се мери, додека минатото и иднината (до некаде) се мерат. Што на некој начин го прават времето и постоечко и непостоечко, зависи како гледаш на работите.

А што се случува кога патуваме? Од Македонија до Германија потребни ти се 2 до 3 часа да стигнеш со авион, додека пак со кола потребни ти се 25 до 30 часа. Што се случува со авион, го забрзуваме времето? Со кола го успоруваме? Или пак станува збор за движење? Значи, се движиме низ време?

Што знам, има разни аспекти поради кои не може целосно и вистински да се сфати перцепцијата на времето.

Тоа последното ти е многу убаво објаснато од Фридрих Лоренц преку неговите трансформации. Прочитај нешто околу тоа и ќе видиш. Кога го спомнав Лоренц, прочитај и за теоријата на релативноста на Ајнштајн која се потпира врз овие трансформации.