Порака до бившите

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не замерувај....еден ден,кога ќе почувствуваш,ќе сватиш.
Сакаше да бидам среќна?Знај дека сум.И ти ќе бидеш а може веке и си,тоа го знам.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Да даде господ мајκа ти во ќебап да те пρепознае:D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ова повеќе ми личи дека си имате пораки меѓу себе за разменување.
Освен ако не се вратите на суштината на темата, во спротивно да ја префрлам во играчница?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Dwelling on the past thread huh?

Би купил ружи и црн спреј и би им испратил по една, чисто онака :zelen ... само што не им паметам адреси...files were deleted from the brain long time ago :)
Нема простор во мозокот за бифши, ништо не смее да стои на патот на светлата иднина и љубавна утопија која кога и да е.......мора да се случи еден ден :cool: евентуално...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: FallenAngel

Pisoi

Староседелец
6 јуни 2014
22
8
1,003
30
Охрид
Ми недостига твоето смеење на моите глупости, ми недостига да ми кажеш колку сум убава, да ми се лутиш макар и без мала причина. Ми недостигаат сите моменти поминати со тебе, а најмногу од сè ми недостига твојот поглед и насмевката на твоето лице кога ќе ме здогледаше прв пат после толку месеци поминати без мене.

Секогаш кога се сеќавам на тебе солзи навираат во моите очи. Честопати ми кажуваат дека не си вреден за нив затоа што ме повреди, но ним не им е позната љубовта што ја чувствувам за тебе. Ме убедуваат дека не вредиш за мојата љубов затоа што си толку далеку од мене, но далечината не ми помага да те заборавам. Ти си дел од мене и ако постои радост… тоа е покрај тебе. А болката? Болката е присутна во секој миг без тебе. Далеку си од мене и тоа е тешко, но си давам утеха дека еден ден, можеби повторно ќе се сретнеме. Дотогаш не заборавај дека има една будала што те сака и никогаш нема да бидеш заборавен. Сега се обидувам да бидам среќна, но нешто ме спречува. Никој не може да разбере како се чувствувам, па ни самиот ти.

Луѓето ќе се менуваат како годишните времиња, времето ќе поминува… ти ќе ми недостигаш сè повеќе и повеќе и можеби ќе плачам сè потивко и потивко и ќе се обидувам да те пронајдам во секој еден случаен минувач, но знам дека сето тоа ќе биде сосем залудно.

Единствена утеха ќе ми биде тоа што за некое време повторно ќе се сретнеме и можеби повторно ќе се појави таа искра меѓу нас.

Се прашувам дали понекогаш помислуваш на мене? Веројатно “не”, и најмногу ме погодува, но се надевам дека со тек на време, кога повторно ќе се сретнеме нештата ќе се подобрат, а дотогаш ти посакувам многу среќа со секоја од наредните девојки и понекогаш, не мора толку често, но сети се на твоето малечко девојче кое неизмерно и толку невино те сакаше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mece16 and FallenAngel