Попис на населението 2021

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како сеа попис и локални избори а надвор пандемија?
Нели држаата се грижи за граѓаните како нежна мајка?
Зарем после парламентарните избори не се научи лекција?
Како е ова можно, па ја сам шокиран!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Како сеа попис и локални избори а надвор пандемија?
Нели држаата се грижи за граѓаните како нежна мајка?
Зарем после парламентарните избори не се научи лекција?
Како е ова можно, па ја сам шокиран!
Таму е осветено можеби? Не смее избори да трпат, а и срамота да додаваме уште година плус на тие 20 години без попис. Европа гледа или што? Мора да се покажеме дека сме примерни и спремни.
Не знам, можно е денес да наминале пошто во соседната зграда биле, ама фамилијарно на ручек бевме, така да ќе треба да дојдат некој друг ден.
Читнав негде прашувале и непотребно лични прашања, баш ме интересира што ли се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
И мене не ми е јасно како тоа за многу места на луѓето им бараат сертификати за вакцинација, а од друга страна невакцинирани попишувачи ќе прават попис. Дефинитивно ова е една од најлошите влади од почетокот на постоењето на оваа јадна држава. Ниту една влада на ваков начин не уринирала по сопствениот народ. И не само поради пописот, туку и поради мал милион други работи. Ама најважно му е на Заев да го исполни она што го ветил на пашата од Мала Речица. Народот кој го врти или колку што се сеќавам тој имаше многу прикладни зборови за народот со кои покажа колку му е грижа за него.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Таму е осветено можеби? Не смее избори да трпат, а и срамота да додаваме уште година плус на тие 20 години без попис. Европа гледа или што? Мора да се покажеме дека сме примерни и спремни.
Не знам, можно е денес да наминале пошто во соседната зграда биле, ама фамилијарно на ручек бевме, така да ќе треба да дојдат некој друг ден.
Читнав негде прашувале и непотребно лични прашања, баш ме интересира што ли се.

Јас не знам што да им кажам како апатрид и атеист...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Нормално, денес поминале во единственото саат време кога немало никој дома и оставиле број да се договориме.
Другар ми се зафркава да се пишеме Бугари, може одма ќе ни дадат пасоши. Интересен би бил таков вид експеримент - немаме никакви документи од прабаби и прадедовци што би ни послужиле ко доказ за б'лгарске корене, па да видиме дали се толку очајни на основа на самоизјаснување да даваат папири.

Секако дека нема да го направам тоа, некако ми е...ухх... ама кажувам интересно би било. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Зошто не објавија колку луѓе, според резултатите од пописот, се Македонци, колку од другите националности кои живеат во државата?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Најнов резултат на странава им е од први октомври.
Нели требаше досега да е готово?
Со автоматизиран софтвер резултатите може да се средат веднаш, ама ништо чудно да се збираат потребните 25% од they-who-must-not-be-named за баланс во универзумот.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ее, требало да спомнам за да се видат резултати.
Катастрофа. Најгласни се овие што бојкотираа, иди најди им крај. :zelen Не знам што мислеа дека ќе се деси, ама ете се деси ради нив, паметните патриотчиња на мама. :)

Од другата страна на неспособноста, издвојуваме: „Денеска ќе се проверува како се променети некои податоци. Според новата табела за верската определба на населението во земјава, бројот на македонски државјани кои се изјасниле како атеисти е 8764, а првичната бројка беше 355 лица. Исчезна и графата евангелско-протестантски христијани, каде претходно беа впишани 8764 лица, како и попишаните лица по верска определба чија бројка беше помала од 500.“ - С.П.

Абе, абе, абе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina