Полуматурска вечер

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Полуматурска вечер. Се надевам повеќето од членови се оние кои завршиле осмолетка. Па споделете како сте ја прославиле полуматурската, збиравте ли пари на класниот / класната да купите нешто, или со учителот или учителката до четврто сте правеле некоја разделба? Јас лично до седмо бев во Македонија и немав полуматурска таму. Но на крајот од четврто собравме пари и му купивме златно ланче и организиравме разделбна вечер во една пицерија. Беше пријатно изненаден. А уште повеќе кога јас лично му го прочитав прошталното писмо кое сама го составував. Вака некако идеше ,, ти ни беше втор татко, ти не одведе во волшебен свет, ако не беше ти најмил наставниче ние не ќе знаевме да читаме, пишуваме и учиме. И крајот беше ,, сигурно ќе им бидеме љубоморни на идните првачиња кои ќе ја имаат честа да имаат толку добар учител... Ме гушна и го зеде писмото како спомен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Шознам, 9-ти јуни 2005...Далеку беше. Полуматурата си беше супер, претходно си имавме партнерки. Партнерката ми беше симпатија, скапувавме двајцата на телефон. Таа ми беше и прва девојка.
Тогаш девојките не носеа штикли ко денешните матурантки. А сега прават гозби ко селска слава.
На класната и купиле часовник, па ми дадоа мене да и го дадам. Тој пустиот бил на батерии и чукал, јас помислив да не е бомба.
Воглавно тоа беше убав ден. Лошото како и секој крај е разделбата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and FallenAngel

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
30
Битола
Епа 10 Јуни 2010 ако не се лажам :D
Полуматурата беше океј, супер се забавуваме како и секој тинејџер хаха :D Партнерката ми беше од другиот клас и и купив мирис, а таа мене ми купи мало Ангелче (нешто како за да го клам како украс в детска) и ден денес си го чувам само шо го подскршив малце хахах и ме потсеќа на неа и на деновите од основно.
На класната неам поим што и зедовме аххаа :D
И ќе се сложам со @Frank лошото беше разделбата. Сите плачевме демек ќе ни недостигат а ете после 4 години од неа никој со никого неќи во очи да се види и не си прајме муабет, освен со едно дете зборам и тоа е тоа. :D
--
офтопик: :)
Моментално сум матурант и немом да напрам ама баш никаква сличност меѓу двата настани. Матурата е нешто величенствено барем кај нас во Битола така го сфаќаме тоа и се е онака гламурозно. Навистина си поминав најубаво и оваа матура ми беше еден од најубавите вечери во мојот живот и засекогаш ќе ја патмам по добро пошто ми помина добро и многу убаво :D :D :D
Време е за студенските денови.. :cool:(happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and FallenAngel

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Па види .. пошто класниот наш беше/бил рокер се договоривме да купиме гитара, и кој ќе купи ??? -се разбира некој што се разбира во тоа.
Собравме околу 4000 денари од кои 3000 + (макс. 3500) му купив гитара а другите се разбира за кабли и каиши и делови за мене.
Па сеа ти одбери што ќе му/и купувате.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and FallenAngel

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Епа 10 Јуни 2010 ако не се лажам :D
Полуматурата беше океј, супер се забавуваме како и секој тинејџер хаха :D Партнерката ми беше од другиот клас и и купив мирис, а таа мене ми купи мало Ангелче (нешто како за да го клам како украс в детска) и ден денес си го чувам само шо го подскршив малце хахах и ме потсеќа на неа и на деновите од основно.
На класната неам поим што и зедовме аххаа :D
И ќе се сложам со @Frank лошото беше разделбата. Сите плачевме демек ќе ни недостигат а ете после 4 години од неа никој со никого неќи во очи да се види и не си прајме муабет, освен со едно дете зборам и тоа е тоа. :D
--
офтопик: :)
Моментално сум матурант и немом да напрам ама баш никаква сличност меѓу двата настани. Матурата е нешто величенствено барем кај нас во Битола така го сфаќаме тоа и се е онака гламурозно. Навистина си поминав најубаво и оваа матура ми беше еден од најубавите вечери во мојот живот и засекогаш ќе ја патмам по добро пошто ми помина добро и многу убаво :D :D :D
Време е за студенските денови.. :cool:(happy)
Ќе се офајдеш и ти со студентските денови .. Грујо има да те офајде ....
Честито матура иначе и полуматура .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
на класната ништо не и купивме но тоа беше една од најубавите вечери дури и ми фали
разделбата тешко ни дојде на сите но еве поминаа неколку години и сега сите сме само на Здраво
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
Алал бре вака што помните детално, мене ко луѓето во црно да ми ја избришале меморијата од полуматура. Али добро, поскоро ви биле очигледно на некои...I feel ancient. (worried) Ок, делумно помнам.
Знам само дека бевме во Охрид и бев натоварена со алкохол (читај: 4-5 пива) пошто се знаеше дека мене нема да ми ја претресат торбата, па се подмочнав кога професор ме виде кај што се мачам, зеде да ми помогне и даде забелешка дека е многу тешка. Му кликнало, него ај. :D
Си го помнам и стајлингот. Трагедија. Немавме ние партнери и свечености. Во диско некое не трупнаа со балканска музика до 12.
Е, стајлингот. :D Носев крем-портокалови балетанки со ластик (за да не ми излетаат во движење), крем капри кои може беа и машки модел, ако земеме предвид како изгледаа со ланчето и џепчињата, портокалова маичка со некои шкљ натписи и 5цм разголено делче кај рамењата и бел качкет со бразилска застава. excited.gifСветско 2006та беше на прагот, а јас се клањав на Роналдињо, донт џаџ.
Би ставила слика, да не се мачам вака, а ни пола ефект да не доловам, него после ќе ми ја користите ко контра-аргумент кога ќе се правам паметна. :D
На класната мислам ланче некое купивме и цвеќе. Скржаво ни беше одделението.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and FallenAngel

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
30
Битола
Алал бре вака што помните детално, мене ко луѓето во црно да ми ја избришале меморијата од полуматура. Али добро, поскоро ви биле очигледно на некои...I feel ancient. (worried) Ок, делумно помнам.
Знам само дека бевме во Охрид и бев натоварена со алкохол (читај: 4-5 пива) пошто се знаеше дека мене нема да ми ја претресат торбата, па се подмочнав кога професор ме виде кај што се мачам, зеде да ми помогне и даде забелешка дека е многу тешка. Му кликнало, него ај. :D
Си го помнам и стајлингот. Трагедија. Немавме ние партнери и свечености. Во диско некое не трупнаа со балканска музика до 12.
Е, стајлингот. :D Носев крем-портокалови балетанки со ластик (за да не ми излетаат во движење), крем капри кои може беа и машки модел, ако земеме предвид како изгледаа со ланчето и џепчињата, портокалова маичка со некои шкљ натписи и 5цм разголено делче кај рамењата и бел качкет со бразилска застава. Отвори ја прикачената датотека 20800Светско 2006та беше на прагот, а јас се клањав на Роналдињо, донт џаџ.
Би ставила слика, да не се мачам вака, а ни пола ефект да не доловам, него после ќе ми ја користите ко контра-аргумент кога ќе се правам паметна. :D
На класната мислам ланче некое купивме и цвеќе. Скржаво ни беше одделението.
слатко ме изнасмеа во врска со стајлингот, особено ко прочитав трагедија хахахаха :D