Во ваквите заедници, каде жените претежно се третиран како партали, безгласни букви и машини за деца, зарем има простор за љубов?
Многу ретко сум читала за шеици, поглавари и остали батици кои со почит си ги третирале жените, побогу, некои од нив ниту имињата не им ги знаат или ги „именуваат“ со броеви, обично при потреба за празнење на нивната внатрешна светост.
Барем на наши простори сме во можност да видиме дека муслиманките од поконзервативни семејства се секогаш стегнати, потчинети, не смеат да покажат ни коса, да направат опуштен муабет или пак да седнат до машко, а камо ли во места каде тие правила се двојно постегнати и наменети од алфа маж кон повеќе негови поданички. Мене недавањето основна слобода ми е првиот и најбитниот знак дека не се работи за никаква љубов, туку на жената е гледано ко на програмиран предмет од кој се забришува прашинка и активира по потреба.
Обично тие мажи, како глава на (оргомното) семејство, се и единствените кои работат (барем дури децата се мали), па чисто се сомневам дека имаат време да посветат доволно (или воопшто) внимание на своите жени. Нормално, освен ако не се паднати апла на лажица од бело злато, но тогаш пак зделки бркаат.
Не можеш да имаш нормална, функционална љубов така, може да наметнеш страво-почит за која ќе мислат дека е љубов, но тоа би било тоа.
За другине „поопуштени“ и поретки што ги спомнав, пак не гледам како би функционирале сосема нормално. Секогаш би имало миленичка и секогаш би имало љубоморни жени кои ќе се осетат запоставено. Сигурно нема дури мажот е на работа да организираат чајанки и да си делат секс совети.
Барем мислам дека не може...зависи како биле воспитани првенствено.
р.ѕ. Не е темава повеќе за во Дом и Семејство?