Ти благодарам дену што утрото ми почна со насмевка,
што нечија мисла доплива на бранот како миг,
и во полусон душата ја изми од тежина,
ти благодарам изгрејсонце кое вечерва заоѓаш во мене,
и целата топлина ја преливаш недопрена,
ти благодарам животе,
за се што видов и невидов,
за се што пројдов, за сите посакувања и радости,
што од тага ме засолна во светлина,
што сретнав прекрасни луѓе попат,
а и за оние кои незнаеја колку се прекрасни во моите очи,
и за се што помислив, дену
ти на дланка го донесе.
Ти благодарам за мирниот сон во кој полека заспивам
и за надежта дека со утрото утре повторно се раѓам.