Одамна те немам поздравено,
може и малку те имам заборавено,
а денес си толку обвиено во сивило,
магловито си,безбојно,безживотно,
чинам исто како и мојата душа,
чекаш барем мал сончев зрак,
да ја разбуди убавината твоја,
та тогаш да се обои и душава моја..
утро....