Секој ја доживува на посебен начин. За жал, некои амеби не ја ни доживуваат...Нејсе..
Поезијата е посебна супстанца за размрдување на нишките на спокој, адреналин, двоумење.
Интимно парче откинато од некое битие, плеснато на маса пред куп гладни очи...Тој што умее, ќе посегне...
Тагоре.
Еден од луѓето кои знаат вистински преку нивната лирика да дирнат до мене.
Пишувам поезија и јас, барем се трудам.
Најчесто за страста, најголемиот мотиватор и движечка сила, за еротиката и невиноста испреплетени во едно...
За безредието околу мојата аура...
Има теми, има инспирација. Сполај му!