Поезија (генерална дискусија)

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
42
Живот...

Трка, животот го именувам,
И одбивам да се откажувам.
Срце имам, а тоа е обврска,
Да сакам, да трпам и да лудувам.

Паѓам и одма станувам,
Успевам само ако продолжам.
Животот сакам да го осетам,
Да паѓам, да станам и пак да се насмеам.

До младите имам една порака,
Лесно не е, и не ми треба.
И слатко, и горко исто ме радува,
Удри животе, те предизвикувам!

Болеста со борба ќе ја излечам,
На среќа со друштво ќе лудувам.
Тага за мене постои,
Само радост за да спознавам.

Пиво ќе пијам како будала,
И Смрта ќе ја заплашам.
Затоа драги мои пријатели,
Уживајте, додека живот постои.

Б.Р. 14.07.2013, Некаде на стража :)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Dolaze. Svake ih noći
ćujem gde dolaze: cvilenje

njihovog brodovlja, neverovatne
blagovesti daleko iznad
kukuruznih njiva kraj grada,

u neizmernoj međuzvezdenoj
tami. Ćuja ih samo psi,
i neki nalik na mene.

Njihove fantastične mašine skladno
bruje u našim kostima.Jednog dana
neče tek lebdeti nad poljama,

kao proviđenja nekolicine
nesaničara. Nego če sleteti.
Sleteče brzo, bez

upozorenja u same centre
gradova. I kao da su to obečali
pre mnogo vekova, iskrčače se,

ozareni, neljudski i
veličanstveni kako bogovi
u hajci na device.

Автор ми кажаа кој е, но го заборавив :)
Не читам научна фантастика, но оваа поема ми е така... убава.
Авторот ми кажаа го има во некое старо југословенско списание за научна фантастика. Ако некој чита тоа, ќе го најде. Таму е поместен и преводов на песната погоре.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Еден убав текст околу поезијата,напишан од Дончо Мишовски.


Како да се објасни поезијата? Дали е доволно да се каже дека поезијата е еден вид на литература напишана во стих или проза, во која е посветено внимание на формата и значењето на лирските фрази или ќе кажеме дека поезијата е еден вид на уметност, во која се користат сите можни средства на душевно изразување.


Изразување каде со моќта на пишаниот збор поетот може да си ги искаже своите чувства, оние кои се длабоко втиснати во него. Впрочем тоа е главната цел, да се изразат сопствените чувства, сето она што лежи во неговата душа (љубов,револт). Поезијата не треба да има определени правила, па да се пишува стриктно по некаков си шаблон, таа треба да е продолжена рака од душевното врело на авторот (поетот) каде може да ги прикаже своите чувства на посебен начин и да ги сподели до читателот или слушателот.

Колку секој автор е вистински поет?

Поет е секој оној кој твори и ги презентира сопствените чувства, тој ги презентира внатрешните дејства, баш оние кои го навјасуваат самиот автор и кои произлегуваат од неговото опстојување. Тој не може да биде Прешерн или Есенин... бидејќи нивните чувства се само нивни и својствени се само за нив и во нивното време. Секој живот е сам по себе посебен, секоја емоција е засебна за секоја индивидуа и секоја љубов, болка или тага треба да биде презентирана онака како што ја чувствува авторот на само негов и само негов својствен начин.

Во колку авторот се труди да имитира некој поет за да биде подопадлив до читателскиот аудиториум, тој во самиот старт скршнал од основата за творење поезија, тука нема поезија ниту пак чувства, туку само копија на нечиј стил, нечиј живот и начин на изразување чувства кои се одвивале во некое време.

Чувствата се лични, тие не се земаат од други, тие се производ на нашето битие. Верувајте секогаш ќе се најдат критичари поставени на пиедесталот создаден од карти за да го оспорат она што го пишувате, базирајќи се на веќе видено или прочитано, тие секогаш себе си се сметаат за супериорни и самонаречени експерти и секогаш ќе си земаат за право да ве окарактеризираат и да ве наречат дека дека не сте поет. Но сето тоа е така бидејќи нечија туѓа рака ги тапка по грб.

Кој им го дава тоа право и кои се тие нормативи ?

Верувајте ! Тие немаат право на глорификација и на уникатност заради веќе создадената публикација на нивните дела- публикацијата не носи квалитет. Поезијата не е константа, таа е променлива и во текот на сите овие години еволуира, како што еволуира и науката и технологиојата па и јазикот. Впрочем како и се што еволуира околу нас. Значи нема пишани правила како треба да се твори поезијата - таа е жива материја. Замислете ги поранешните добитници на Нобелови награди! Тие денес би биле маргинализирани или подзаборавени ако сме се владееле само според нив и не сме се развивале или пак тежнееле нивното знаење да го усовршиме - што значи дека се е менливо и дека се се усовршува.

Зошто не и во поезијата? Зошто поезијата мора да е по терк од минатото?

Според мене поезијата треба да менлива, да трпи промени и да еволуира. Сигурно дека и во иднина на некои нови автори денешново ќе им биде банално и ќе се стремат кон нови височини. На крај, поезијата не би била вистинска поезија ако на неа се гледа од материјален аспект, таа треба секогаш да го носи приматот душевен извор, да извира во стомакот, таму да се крчка, да се создава од секојдневието на секојдневните луѓе.

Затоа - творете, пишувајте, објавувајте, не се обесхрабрувајте зошто чувствата се само ваши и тие се неповторливи, тие се уникатни - ВАШИ...

Најголема сатисфакција на секој автор е неговата читаност – читателот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Female and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Отсекогаш ми била интересна форма на изразување. Некогаш може да се сретне на неочекувани места. Како на пример во текст од песна. Не било која туку `звукот на тишината` легендарната нумера на Сајмон и Гарфанкел.

Hello, darkness, my old friend
I've come to talk with you again
Because a vision softly is creeping
Left its seeds while I was sleeping
And the vision that was planted in my brain
Still remains
Within the sound of silence

In restless dreams I walked alone
Narrow streets of cobblestone
'Neath the halo of a street lamp
I turned my collar to the cold and damp
When my eyes were stabbed by the flash of a neon light
That split the night
And touched the sound of silence

And in the naked light I saw
Ten thousand people, maybe more
People talking without speaking
People hearing without listening
People writing songs that voices never share
And no-one dared
Disturb the sound of silence

'Fools,' said I, 'you do not know
Silence like a cancer grows
Hear my words that I might teach you
Take my arms that I might reach you,'
But my words like silent raindrops fell
And echoed
In the wells of silence

And the people bowed and prayed
To the neon god they made
And the sign flashed out its warning
In the words that it was forming
And the sign said 'The words of the prophets
are written on the subway walls
And tenement halls'
And whisper'd
In the sound of silence


Било каков суперлатив да се каже би бил банален, затоа подобро да се молчи.:^)
 

Yea bro

Нов член
21 јануари 2015
9
3
3
27
љубовта ,она чувство кое е најубаво а исто времњно и најтазно чувство кое ке те дигне и ке те сруши на земја во ист момент она кое ке те раскрвари до последниот здив како што сонцето ја раскрварува планината пред нокта да гоубие денот.