Писател на тапет: Гијом Мисо

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Гледам јас дека некој треба да пресече и да се каже името на писателот, вака ако секој член предложува писател или има мислење од каде треба да почнеме ќе ни требаат прво два месеци да се договориме за кого ќе дискутираме.
А за да не сум толку оф топик, јас сакам да се дискутира за Данте, Зафон, Ками или Мисо.. за сите сакам со ред : ))
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Јас мислам дека најубаво ќе биде уште утре да се даваат предлози, и кога предложувате пишувајте по еден автор да знаеме колку лајкови е за кој писател.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас мислам дека најубаво ќе биде уште утре да се даваат предлози, и кога предложувате пишувајте по еден автор да знаеме колку лајкови е за кој писател.
Ако продолжиме со такво предложување никогаш нема да се договориме.
Јас мислам ти, како творец на темава, да дадеш предлог писател.
Прво и основно, длабока ти е ризницата на прочитани книги, што значи дека слободно можеш да си го извадиш омилениот писател посочи го, и нека почне коментирањето. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Saladin

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Абе другарке да можев 200 лајкови да ставам ќе ти ставев жими очи.
Ем добар писател ем шпанец м м м м
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
И мене ме заинтересира писателов прв пат за него од тука дознав лесно е да прогуглам ама јас сакам од тука да прочитам нешто за него :)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Избран писател на тапет е Карлос Руиз Зафон, повелете на дискусија за него и неговите дела.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Redhead

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Прво да и’ честитам на креаторката на темава за одличниот избор.
Ајде сега да раскажам јас надолго за Карлос Руиз Зафон.
Човекот е од Шпанија. И можеби тоа е клучниот факт зошто ми е мене толку во срце. Затоа што скоро се’ што доаѓа од Шпанија ми зараснува на срце.
Прво кариерата ја започнува со пишување на романчиња за помлади читатели.
Меѓу нив е и Марина, последната од таа негова епоха. Јас ја читав пред некој ден, и да бидам искрен како и секогаш ме фасцинира неговиот лесен начин на раскажување.
Додека ги читам делата на Данте, Петрарка, ми треба потполна концентрација и неколку минутно размислување за што е она вистинското што го чувствувале кога пишувале, но за Зафон тоа не ми е потребно. Мене Зафон ми делува како еден добар седатив. Ми ги смирува нервите квалитетно.
Омилена од него ми е Играта на ангелот. Значи тоа е книга што ме остави со подзината уста. Припаѓа на жанр мистерии како и сите негови книги што ги имам прочитано. Продолжение е на Сенка на ветрот.
На многумина, Сенка на ветрот им е подобра од оваа што мене ме фасцинира, но, јас се вљубив во последните неколку реченици. Конкретно, на беџот ангел што главниот лик го носеше секогаш на роверот од капутот. Значи Зафон во цело раскажување дава назнак на тој беџ. За на крајот кога главниот лик ќе дава изјава во полиција и ќе го опишува ликот на оној кој го прогонува ќе добие одговор од инспекторот кој завршува со реченицата„И господине. Беџот ангел што толку го опишувате, го носите на роверот од вашиот капут од кога знам за вас“.
Феноменален писател. Сега ја читам Принцот на маглата. Таа му била прва книга.
Малку направив хаос. Обично ги читам книгите хронолошки како што ги имаат издавано писателите за да видам како им еволуирал стилот, ама овој пат направив „кркамбар“.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Од Зафон сум ги читал само Марина и Принцот на маглата.Марина многу ми се допадна,освен крајот.Принцот на маглата не беше баш којзнае колку добра, немаше некој добар заплет да се прашуваш што ќе се случи како,иако според она што го пишуваше на корицата имав друг впечаток за неа,и знаете кога вие очекувате едно,добивате сосем друго,не е тоа тоа.Многу луѓе ми ги имаат препорачано Играта на ангелот и Сенка на ветрот,така да прва прилика ќе се фрлам на читање.