Прво да и’ честитам на креаторката на темава за одличниот избор.
Ајде сега да раскажам јас надолго за Карлос Руиз Зафон.
Човекот е од Шпанија. И можеби тоа е клучниот факт зошто ми е мене толку во срце. Затоа што скоро се’ што доаѓа од Шпанија ми зараснува на срце.
Прво кариерата ја започнува со пишување на романчиња за помлади читатели.
Меѓу нив е и Марина, последната од таа негова епоха. Јас ја читав пред некој ден, и да бидам искрен како и секогаш ме фасцинира неговиот лесен начин на раскажување.
Додека ги читам делата на Данте, Петрарка, ми треба потполна концентрација и неколку минутно размислување за што е она вистинското што го чувствувале кога пишувале, но за Зафон тоа не ми е потребно. Мене Зафон ми делува како еден добар седатив. Ми ги смирува нервите квалитетно.
Омилена од него ми е Играта на ангелот. Значи тоа е книга што ме остави со подзината уста. Припаѓа на жанр мистерии како и сите негови книги што ги имам прочитано. Продолжение е на Сенка на ветрот.
На многумина, Сенка на ветрот им е подобра од оваа што мене ме фасцинира, но, јас се вљубив во последните неколку реченици. Конкретно, на беџот ангел што главниот лик го носеше секогаш на роверот од капутот. Значи Зафон во цело раскажување дава назнак на тој беџ. За на крајот кога главниот лик ќе дава изјава во полиција и ќе го опишува ликот на оној кој го прогонува ќе добие одговор од инспекторот кој завршува со реченицата„И господине. Беџот ангел што толку го опишувате, го носите на роверот од вашиот капут од кога знам за вас“.
Феноменален писател. Сега ја читам Принцот на маглата. Таа му била прва книга.
Малку направив хаос. Обично ги читам книгите хронолошки како што ги имаат издавано писателите за да видам како им еволуирал стилот, ама овој пат направив „кркамбар“.