Писател на тапет: Гијом Мисо

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Смеам да знам за која прва книга негова зборуваш?

Морам да признам дека се согласувам со тебе. И јас мислев дека е девојка на почетокот.
Но сепак една добронамерна замерка: почетокот на „Врати ми се“ му беше катастрофален...
Мислев на прва моја прочитана книга од него, не негова прва.
Не дека сум ги прочитала сите, само три: А потоа, Девојката од хартија и сега почнав со Ангелски повик, ама доволно за тоа што го пишав погоре : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *Hera*

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Од Гијом Мисо имам прочитано само две книги "Затоа што те љубам" и "А потоа".
Забавни ми беа во моментот, ама само толку, ништо посебно. Дали дека изданијата на Топер беа катастрофа, дури немаше оставено место помеѓу зборовите туку како една голема реченица да е пола книга (претоставувам намерно да се заштеди на страници).
Многу ми е извикан писателов, книгите ги издава исто како Пауло Коељо по пет во година. Ми немаат никаков квалитет. Дури и ги продадов книгите.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Се развило дискусија околу некој писател што горе доле го имам читано, а јас појма да си неам.
Нејсе...
Гијом го читав од средната адолесценција кога и не беше толку познат во нашево поднебје освен со 2 книги. Се сеќавам кога се публикуваше третата, почнаа увелико да се кубат коси. Кога го читав, ми беше интересен пошо бев во таа фаза на лесни романчиња. Го читав на српски, пошто веќе бев запознаен за слабите преработки по книжарниците. Гијом е добар во своето поднебје, - вадење на лесни романчиња, приспособени за лесна консумација на пошироката публика.
Сите негови книги откако ќе човек е запознаен на сличните прикаски се далеку од некаков мајндфак што може да ти генерира додека ги читаш. Денес не би се осмелил да го читам, затоа што би ми изгледал далеку од солиден. Но често го препорачувам на луѓе кои го читаат Коељо, Спаркс, Стил. Книгите не би му ги дискутирал секоја засебно затоа што му се релативно слични.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Последната книга која ја читав од Гијом е Девојката од хартија. Ги имам читано и другите. Лесен писател,во сите негови книги ми се допадна концептот на целата приказна , а не пишувањето. Реченицата е кратка без јачина во зборовите. Добра е споредбата со Куељо.Секогаш првите книги им се поубави од последните.
Обично наместо да еволуираат како писатели, некако ги прегазува времето и трката што повеќе книги да издадат. Гијом е добар за некој кој ги чита првите 100 книги. Од сите негови книги кои се преведени кај нас најмногу ми се допадна Затоа што те љубам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
тие што ги прочитав се горе -долу слични,летово ги прочитав дали ме чекаш,затоа што те љубам и А потоа..девојката од хартија чека на ред,ама како да се заситив од Мисо...а да,ангелски повик исто ја прочитав..
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ангелски повик-Гијом Мисо
Интересна приказна,
но морам да признаам дека очекував повеќе.Се работи сепак за прочуен автор,очекував некој спектакуларен крај.Сепак прочитајте ја,којзнае,можеби ќе ви остави поголеми впечатоци.
Ја прочитав во еден здив.Интересно ми беше што текот на настаните е нерпедвидлив.Тоа беше клучното што ме тераше да продолжувам да ја читам за да ја откријам целата приказна.
Уште поинтересно е тоа што се внесов во приказната како јас да сум присутна таму,создавајќи си слики со помош на секој опис.
Само не се сложувам дека завршницата е маестрална. Текот на приказната се усилуваше се повеќе и повеќе а на крајот некако плесна на земја и не бев премногу воодушевена.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123

Јас и ти изгледа не сме читале иста книга (shake) или пак имаме доста различен вкус за добра книга. Мене ме привлече само она пишаното на задната страна и според тоа што го величеја Гијом Мисо јас очекував нешто бомбастично,нешто што ќе го прочитам во еден здив.Не се случи тоа,за жал.
Пробав со уште едно негово дело,нели ајде да не судам според една книга де.Ја земав Затоа што те љубам. Човече,после толку добри критики, толку добри оценки и толку препораки, јас се прашувам дали ми дашле мене погрешна книга (think) Многу плитка приказна, премногу фантазија и крајот - врв на се, ништо поодвратно не сум прочитал во мојот живот, дефинитивно.Кога го прочитав она на првата страна За да го сочувате изненадувањето,не им го кажувајте крајот на вашите пријатели, очекував нешто што ќе ме удри,некаков крај каков што не сум можел ниту да замислам. И повторно само фантазија,за жал. Навистина ме разочара авторов. Па и на крај сите среќни после се, некако не ми идеше баш во прилог. Повеќе би ми се допаднал крајот да беше трагичен, тој сеуште да жали а не после се важно среќен е. Па и другар му,мене некој да ми направе такво нешто против моја волја,ќе го отерам у пм. нема да сакам повеќе никој да видам. Али ајде,се заборавив. Она што сакав да го кажам е дека книгите на Гијом Мисо се премногу плитки /предвидливи за мој вкус.
 
Ствар на вкус како што кажа.
Мене ми беше лесна за читање баш онака за исполнување на слободно време.
За крајот многу не може да се зборува затоа што секој различно го замислува и затоа на крај е разочаран од изборот и пишаното на авторот.
Како и да е,немој да очекуваш сите да мислат како тебе,секој си има сопстевно гледиште за секоја книга и писател :)