Писател на тапет: Гијом Мисо

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Требаше да ги искажеш фактите зошто не ти се допаѓа Зафон, па така мислењево ќе ти биде веродостојно иначе вака.... Не оди :)
Значи имам две книги прочитано од него сенка на ветерот и игра на ангелот (од трилогијата првите две).Сеа малце ми е тешко од оваа дистанца да зборам ама паметам дека првата беше со некој дечко што ќе има некоја книга од некој писател во таа гробницата за книги (да не раскажувам ептен може ќе му ја расипам на некого) битно глупоста е што како прво лош раскажувач ми е Зафон,како второ памтам дека тој јунакот во книгата идеше како инспектор и како нешто испитуваше за некоја си книга трчаше од трамвај,па го следеа премногу преплетено а на некој начин книгава пак ја фура да е реална на некој начин.Мислел дека ако прави толкави заплети во книгата ќе воодушеви и баш ми делува тоа вештачки.Немаше никаков крај и требало да ја прочитам втората да ми се разјасни.

Втората почна убаво со некој писател и како идеше книгата пак почна со неговото замрсување,досадно,средината на книгата ја силувал за да биде поголема (претпоставувам од издавачката куќа го задолжиле колкава да биде).

Книгите ми немаат никаква вредност,не успеал со ниедна реченица да ме натера да размислувам иако во првата книга пробуваше со некои цитати од оној просјакот што ќе го приберат од улица да работи кај нив во книжара да уфрли некои реплики.
Како и самиот што кажа во втората книга за да бидеш писател требало да седнеш на столче и да го цедиш мозокот се додека не ти излезе некоја инспирација за пишување.Јас не се сложувам,затоа и не му ги бива книгите,он пишува без тронка инспирација,не осеќам никаква блискост со ликовите.
Би го плукал до 101 и назад ама не ми се свежи сеќавањата само жалам за изгубеното време на тие толкави дебели книги од кои паметам само три реченици.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850

Еве сега може да ти се земе за „валидно“ мислењето.
Не би се сложил дека нема ниту еден цитат вреден за помнење, има неколку еве јас сега ќе издвојам неколку реченици што ми останале во глава:
„Не постојат мртви јазици. Постојат заспани мозоци“.
„Немој да веруваш буквално на никој. Посебно внимание обрни на оние на кои им се восхитуваш“.
Се сложувам со тебе дека неговите заплети се оној дел од книгите во кои некако почнуваш да се губиш, ама мене тоа ми се допаѓа. Не ми се допаѓа кога читам и од старт знам дека Петка ќе биде со Петко, Рајко ќе умре затоа што е лош.
Е токму кај Зафон го нема тоа.
А за вредноста на неговото пишување... Е тоа е индивидуално мислење, можеби занрот што го тера, неговиот стил не ти е близок, мене ми е многу и ме воодушевува само поради леснотијата со која се пишувани речениците, но сепак неизбежната мистика што ја има во секоја од нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose and Saladin

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Зошто сеуште нема нов писател? Нели еднаш неделно требаше да биди?

Е требаше да биде.
Ама не, сепак има теми кој што се поинтересни како Чет муабети.(facepalm)

Кога давате предлози пишувајте по еден автор во мислењето.
Да се знае за кого е лајкот.
Еве од мене Херман Хесе, верувам повеќето барем една книга од него имате прочитано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lillian, Luckky and fantina

*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Гијом Мисо. Мојот предлог.
Ајде малку да зборуваме за паралелните светови што често ги пишува во своите книги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Гијом Мисо. Мојот предлог.
Ајде малку да зборуваме за паралелните светови што често ги пишува во своите книги.
Не само за паралелните светови, него и за описот на чувствата, за да знаеш толку многу за љубовта и таквите искрени чувства, мора да ги доживееш на своја кожа, да сакаш онака како што си опишал, толку чисто, искрено и небарајќи ништо за возврат...
Што е реткост за еден маж.

Кога ја прочитав првата книга од него мислев дека е жена, стварно многу се изненадив кога во белешката прочитав дека е маж!
Ги сакам неговите книги, не толку за приказните, колку за тоа што се пронаоѓам скоро во секоја негова реченица...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Не само за паралелните светови, него и за описот на чувствата, за да знаеш толку многу за љубовта и таквите искрени чувства, мора да ги доживееш на своја кожа, да сакаш онака како што си опишал, толку чисто, искрено и небарајќи ништо за возврат...
Што е реткост за еден маж.

Кога ја прочитав првата книга од него мислев дека е жена, стварно многу се изненадив кога во белешката прочитав дека е маж!
Ги сакам неговите книги, не толку за приказните, колку за тоа што се пронаоѓам скоро во секоја негова реченица...

Смеам да знам за која прва книга негова зборуваш?

Морам да признам дека се согласувам со тебе. И јас мислев дека е девојка на почетокот.
Но сепак една добронамерна замерка: почетокот на „Врати ми се“ му беше катастрофален...