ја ги јадам со мајонез само, овие вториве што ги постнaв, така ми се највкусни, и со јогуртче плус мјамиииСите забораивте дека треба и тартар сос нели?
Во него ги макаме,рецепта некој и за него нека напише
ама еве и од тартарот
Состав
* 2 дл мајонез
* 1 сецкана кисела краставица
* 1 лажица сечкан магдонос
* половина чаша бело вино
* сок од половина лимон
* 1 лажичка сенф
* бибер, сол
Подготовка
Во сад налејте го виното и додадете го мајонезот па промешајте. На смесата додадете ги сецканите краставици, магдоносот, сенфот, сокот од лимон, бибер и сол по вкус сe заедно повторно промешајте.