Убо де, шо требало толку остро реагирање?
На времето јас кубев коси за New Kinds On The Block, па никому ништо
Лудилото ми траеше кратко, а после слухот сам ми се побуни
Сега се газам од смеа кога ќе се присетам.
Не верувам дека дечково е полош од NKOTB, иако не сум слушнала ни една песна негова.
Некако ми се чини дека како шо има трендови во сѐ, така и ова „хејтање“ на Џастин Бибер е тренд.
Форумов е инаку Музика, а не Добра музика. Значи темата си е на таман место.
Кој што смета за добро е прашање на слух и прашање на вкус.
И навистина не можам да разберам од каде оправдувањето да се коментира во стилот - „Сите присутни на парадата треба да се истребат од земјава“ и сл.
Малку офтопик, ама би сакала да спомнам еден момент кој пред некое време ме зачуди.
Група млади рапери собрани на роденден кај друг млад рапер. Лично бев присутна на прославата. Отидов љубопитна да видам како ќе изгледа прославување со добра музика. За чудо,наместо добра музика, се изнаслушав турбо фолк и слични ствари. За уште поголемо чудо, младите луѓе, и момци и девојки на возраст од околу 18 години, ги знаеја, а богами и гласно ги пееја, сите „прекрасни“ турбофолк песни, од А до Ш.Се изначекав да слушнам нештораперскоили рокерско или било што добро. Ама не дочекав.