Острови и островски држави

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Света Елена е остров на Атлантскиот океан и дел од британската територија Света Елена, Успение и Тристан да Куња. Откако го прогониле, Наполеон Бонапарт бил донесен на Света Елена. Тој тука живеел сè до смртта на 5 мај 1821 година. Се смета дека бил отруен на својата 52 година.

A A B.jpgAAAA.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER and Kitty

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Вулканскиот остров Аогашимо
zapoznajte-gi-najneobichnite-mesta-na-zemjata-95671.jpg

Овој изолиран јапонски остров претставува вистинска туристичка сензација. Не е познато кога за прв пат е населен. Последната позната ерупција на вулканот се случила во 18 век кога многу жители загинале. Поголемиот број од населението било евакуирано. Биле потребни скоро 50 години за островот повторно да се насели.
Денес, локалните жители се занимаваат со риболов и земјоделие. Иако островот е вистински рај на Земјата, туризмот не е толку развиен. Малкумина можат да се пофалат дека ги посетиле необичните убавини на овој вулкан.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Нов Зеланд

Нов Зеланд е островска држава која се наоѓа во југозападниот дел на Тихи Океан или околу 1.700 km источно од Австралија. Најголемиот дел од државата е составен од два острови, Северен
и Јужен Остров. Северниот и Јужниот Остров меѓусебно се одвоени со Куковиот премин, чија најкратка ширина изнесува 22 km. Покрај овие острови, во состав на државата учествуваат уште многу мали островчиња.Нов Зеланд зафаќа површина од 268.680 km2.
map_of_new-zealand.jpg

Климата во Нов Зеланд во најголем дел е под влијание на океанската водена површина, а покрај овој фактор силно влијание имаат и западните ветрови, кои носат големи количества на врнежи. Имено, на Новозеландските острови се застапени суптропската, умерената и субартичката клима.
Нов Зеланд располага со богатство од хидроградски појави, пред се застапени се бројни површински текови. Реките имаат краток и брз тек кој изобилува со моќна хидроенергија. На Северниот Остров поголеми реки се: Викато, Вангануи и Вангаеху. Реката Викато истекува од Езерото Таупо и тече кон северозапад во должина од 425km (најдолга река во Нов Зеланд) и се влива во Тасмановото Море. Поголеми реки на Јужниот Остров се: Клута, Вајтаку, Рангитака и Ракаија. Реката Клута тече во должина од 340 km и претставува најдолга река на овој остров. Во Нов Зеланд се среќаваат околу 3.800 езера.

Amazing-New-Zealand-beach.jpg
Stunning-New-Zealand-Panoramic.jpg
Breathtaking-New-Zealand-mountain.jpg

Исто така посебна одлика на Нов Зеланд се и гејзерите, кои се среќаваат во голем број, а најголем е гејзерот Похуту (исфрла вода во височина од 20 m).
На последниот попис од 2006 година во Нов Зеланд е регистрирано население од 4.027.947 жители. Како домородно население во Нов Зеланд се сметаат Маорите. Службено се користат два јазика и тоа: англискиот и маорскиот а главна религија е христијанството кое е застапено со 55,6 % од вкупното населението.

Нов Зеланд претставува развиена индустриско – аграрна земја. Во развојот на стопанството голема улога има странскиот капитал, пред сè, англискиот, американскиот, јапонскиот и австралискиот.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Една од најубавите островски земји ми е Куба.
Куба е најголемата островска земја во групата на Големите Антили.Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км². На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.
Куба има поволна географска положба.Таа преку Флоридскиот Проток најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Канал до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.

Во продолжение уживајте во убавините на Куба

habana.jpg


Cuba_houses.jpg


El_Nicho_Falls_Cuba.jpg


Sandals_Cuba_Pool.jpg


coastal_boulevard_havana_cuba_photo_gov.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Јас бев во Брач,Супетар,Хрватска, прекрасен остров. Најпрвин од Сплит го земавме бродот и два часа пловевме до Брач. Прекрасно е,само уличките се многу тесни,еден автомобил неможе да се размине со друг. И сите улички се или на угорнинка или на долнинка,прави скоро нема. Најубаво беше кога навечер далматинските песни се слушаа од далеку.

Супетар е град во Брач, сплитско далматиска жупанија.
Supetar_Brac_2004.jpg


инаку го завзема најголемиот дел од островот. Има премногу плажи, ресторанти,хотели,мотели и живи свирки по кафичи.

night_supetar_018.jpg

ова е центарот каде што имаше свирки на сплав,така ги викаа


Apart-hotel-Bracka-Perla-s-bazenom-u-gradu-Supetar-na-otoku-Brac-u-Dalmaciji---Hrvatska-954_1324994683.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Островот Маљорка - Шпанија
Палма де Маљорка е најголемиот град и најголемото пристаниште и главен град на една аутономна покраина Балеарските острови во Шпанија. Се наоѓа на јужниот дел од островот.
Палма де Маљорка е град кој има високо развиен туризам и изобилува со архиепалот Кабрера. Има прекрасни песочни плажи и високи палми. Темпаратурата во зимо достигнува само до 11 степени иако се чини ниска температура островот е опколен со море па поради тоа сонцето е појако. Веќе од 3 март температурата изнесува 20 степени.
palma-de-mallorca--395224-2.jpg

1355706527_calo-des-moro-beach.jpg

nassau-san-juan-1681.jpg
 

Миции

Староседелец
24 август 2016
9
0
601
26
Бора Бора bora.jpg Бора Бора се издигнал од морето како голем вулкан пред 3 милиони години и околу него израснал корален прстен. Минијатурните корални полипи живеат во камените оклопи кои ги излачуваат користејќи го калциумот кој го извлекуваат од плитките тропски мориња. Камените оклопи на една колонија полипи полека растат и така се создава гребенот. Како што се ладела океанската кора, така вулканот почнал да тоне, а коралот и понатаму продолжил да расте, така што островот и лагуната останале внатре во прстенот од коралниот гребен. Со текот на времето островот ќе се исчезне и ќе остане само атол, односно лагуна опкружена со корален гребен.Овој идиличен тропски остров има прекрасни плажи, палми што се нишаат и нежна сина лагуна. Бисер на Тихиот Океан, место кое е најблиску до рајот на Земјата, остров од соништата - тоа се епитетите со кои луѓето опишувале островот Бора Бора. Бора Бора е остров кој се наоѓа во самото средиште на Француската Полинезија, една од најубавите целини во островската група Ливард ( Leeward ), на Друштвените Острови. Блескавите плажи со бел песок порабени со палми, тиркизните ридовии грстовите сјајни цветови од хибискус се протегаат крај кристално бистрата лагуна. Тропските температури се движат меѓу 24 и 28°C ги намалува свежото ветре кое доаѓа од исток. Постои само еден пловен премин низ кој може да се помине меѓу прстенот од корални острови, кои локалното население го нарекло Мотус. Поради тоа, лагуната е природно престаниште. Освен главен централен остров, двапати поголем од Гибралтар ( 12km квадратни ), постојат и два помали - Тупуа ( Toopua ) и Тупуаити ( Toopuaiti ). Сите овие острови се остатоци од вулкански кратер кој еродирал. Два остри нерамни врови доминираат над Бора Бора: Пахија, висок 660m и малку повисок Отеману со совоите 725m.Прв доселеник од Европа бил Џемс Конор ( James Connor ), кој во 1792 година преживеал бродолом на британскиот китоловец Матилда. Тој се оженил со Полинезијка и се населил на најјужнататочка од островот што ја нарекол Матилда Поинт. Денец тоа место е познато под името Матира Поинт. Островот во 1895 година станал дел од Француската Полинезија.
 

Carmichael02

Истакнат Член
12 август 2016
6
3
103
25
Бахами
Бахами или Бахамски Острови (англиски: The Bahamas); — островска држава во Средна/Северна Америка која е составена од 29 острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во Атланскиот Океан, северно од Куба и Хиспањола, северозападно од островите Туркс и Кајкос и југоисточно од САД. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 километри квадратни со вкупно население од околу 330.000 жители. Географски, Бахамските Острови се дел од истиот ланец острови со Куба, Хиспањола и останатите Карипски Острови.
250px-LocationBahamas.svg.png

Насау е главниот и најголемиот град на Бахамските Острови. Во градот живеат 248,948 жители (2010 попис), 70% од целокупното население на Бахамите (353,658). Меѓународниот Линден Пиндлин аеродром, главниот аеродром на Бахамите се наоѓа 16 км западно од центарот на Насау. Градот се наоѓа на островот Њу Провиденс, кој функционира како федерален округ. Бидејќи нема локална власт, со него се раководи како со административна дивизија на националната власт. Насау се смета за историско засолниште на пиратите.
250px-Atlantis_Hotel%2C_Paradise_Island%2C_Bahamas.jpg

Првично, Бахамите биле население од Лукајани, етничка група дел од групата на таински народи. Во 1492 година, Бахамите станале првата копнена точка на која пристигнал Кристофер Колумбо. Со доаѓањето на Шпанците во Карипското Море, Бахамите не станале нивен протекторат, но староседелското население било префрлено на Хиспањола како робови. Така, островите останале напуштени од 1513 до 1648, кога пристигнале британските колонизатори од Бермуда и се населиле на островот Елеутера. Во 1718 година, Бахамите станале британска кралска колонија, кога претходно биле поразени пиратите и пиратското движење на островите. По Американската војна за независност, илјадници британски приврзаници и поробени Африканци се населиле на Бахамите и основале економија која се базирала на плантажи. Во 1807 година во Британската Империја било укинато ропството и голем број Африканци биле ослободени со што се населиле на Бахамите за време на 19 век. Тоа резултирало со бројното африканско население на островите.

Знаме:
125px-Flag_of_the_Bahamas.svg.png
Грб:
85px-Coat_of_arms_of_the_Bahamas.svg.png