Разбуден од воздишка,
Од чист во(а)зДУХ,
Никогаш не извалкан,
Лебдам или стојам,
И се прашувам,
Кој сум?
Што сум?
Зошто сум се заборавил?
Вдишувам ... издишувам
Каде ли да барам повеќе ...
Ги преодев сите гори, не заобиколувајќи ниеден камен,
Ниедно дрво, ниедна тревка, ниедно цветче...
Ги препливав сите езера, мориња и океани,
Не заобиколувајќи ни едно бранче...
Ги прелетав сите облаци,
Не заобиколувајќи го ни најмалото и најнежно облаче...
А одговорот надвор не го најдов...
И еве сега пак лебдам или стојам...
Мигот запира, време нема ...
Ни сега нема, ни овде нема...
Ноќ полна со отсуство
На светлина,
Нема ни месечина...
Распространет од овде до бескрајот...
А пак заронет во ништото...
Одговорот светнува како молња...
Длабоко допрен од вистината... и веќе никогаш повеќе не е ништо исто како пред тоа....
Дали сум чист ко утинска роса
Просветлена од утринското сонце,
Или сум прочистен како пепел,
Низ пеколен оган од сите страдања исчистен...
ни едно ни друго-туку двете во е
дно.
Развиорен во празнината слоБО
дно...
Со крилја безтелесни...
Крилја бели гулабови...
О
самнаТ(оа)...
Нема никој, сам сум...
Оној Оној што е гледан е оној што гледа,
И оној што е гледан е оној што го гледаат...
Оној што ги слуша вибрациите безвибрирачки е оној што е извор на таа вибрација...
Јас се гледам себе и никој друг освен ТОА...
Мене ме нема,
И гледам, никогаш ме немало...
Само тоа што е Е...
Јас сум Е, и Етството е Јас...
Јас сум свест, свесна за самата себе ...
Се барав себе си
А кој кого БА
рал,
Кога и бараниот и оној што бара се ЕДНО...
Разбуден од воздиш
ка...
Извор