Неуспех

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Томас Едисон до дека ја измисли сијацлијата имал 1000 неуспешни обиди, па потоа само рекол тоа беа 1000 чекори кон остварување на целта.

Исто така Силвестер Сталоне само он знае од колку филмски куќи бил одбиен до дека ја добие улогата и го продаде сценариото за филмот „Роки„

Исто така легендарната група „Битлси„ биле одбивани од многу продуцентски куќи до дека да го снимат првиот албум.

Чарли Чаплин, исто така бил одбиван од многу... сметале дека неговиот хумор не е воопшто смешен.

Што значи на прва ништо не бидува, а и она што потешко се добива повеќе се сака, повеќе се цени. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and The Tramp

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Пред неколку години немав скршен денар во мене.Средношколец со афинитети да почнам нешто свое и да си изградам кариера.Првиот пат кога пробав да направам нешто за себе не успеав и тоа беше единствениот голем неуспех за мене.Бев премногу разочаран затоа што премногу се надевав и верував дека тоа ќе ми успее.
Сосема неочекувано ми дојде идеја, познаници, пријатели кои живеам со нив цел живот да направиме нешто поголемо.Само јас си знам што се сум правел за да дојдам до пари.Основавме фирма.Првиот месец беше тапа..мислев дека и ова ќе пропадне исто ко претходното.Не знам зошто но претходниот неуспех некако ме мотивираше и ми даваше надеж дека ќе успеам.И навистина, работата ми тргна, почнав се повеќе и повеќе да работам.Се стабилизирав финансиски, вложивме уште повеќе во бизнисот, си купивме коли и еве до ден денешен не можам глава да кренам од работа.Не можам да се пожалам и искрено не би сакал да доживеам повторно неуспех, иако ги има секогаш кои се појавуваат како мали пречки.
Првиот неуспех ми покажа како треба да постапам за понатака.Верувајте дека треба да сте амбициозни, но секогаш да си ги познавате вашите граници, бидете лакоми, бидете психички стабилна особа, не се откажувајте, бидете упорни и ќе успеете во било која сфера во животот.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Јас многу тешко поднесувам неуспех....Не дека мислам дека јас сум најдобра меѓутоа кога за нешто се трудам сакам да ми успее....А и сум таква личност борбена ,не се откажувам лесно...Јас кога сум сама ке плачам ке се нервирам ама кога ке излезам надвор ке кренам глава и само ќе речам....Е добро де секој има падови....а не дека мислам така ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
27
За изгубени утакмици одбојка (а сега ги има многу), со мрштење реагирам, викам... едноставно луѓето не разбираат кога ќе им речеш нешто, па затоа наместо 6 против 6 луѓе, на натпревари играме јас и уште една другарка против другиот тим. Тоа е кога играме пионерско (до 14 год.). Како капитен на пионерска екипа не знам како да ги мотивирам да продолжат да играат како што знаат и малце да се стегнат! Вака веќе не се може! Ме гледаат бледо, колку да отепаат време, не дека ме слушаат нешто. Затоа кога ќе почнам со дерење има да ме слушаат. Ама пак то није то! :banghead И на утакмици кога ќе се намуртам нема враќање, пробувам со добро да им речам, ајде ајде можеме ние, стегнете се. Ама не разбираат НЕ ЗНАМ ШТО ДА ПРАВАМ па затоа си се мрштам. И ете, зашто не знам како да ја средам ситуацијата, не правам ништо, што е лошо, особено како капитен треба нешто да направам, ама ништо не ги мотивира луѓево бре! :stomp И веќе сум многу... многу очајна
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Bum-Bum

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Добро го прифаќам неуспехот. Како ништо да не било, живот иде даље. Не се потресувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
се соочувам со него...пробувам да му најдам дополнително решение или замена...одмарам и собирам сила...за да продолжам понатаму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Родена сум во таков месец што тешко знаат да ги прифатат работите такви какви што се. Мислиме дека нешто ќе промени, никогаш не го прифаќаме тоа и скоро никогаш не признаваме.
Најчесто одам напред или се повлекувам во себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
А кој е месецот ? :)(да знам и ја дали сум во тој) :mstickle

Ние лавовите сме такви амбициозни што секој план што го спроведуваме,секогаш завршува со неуспех.
Така да јас никогаш не планирам однапред :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Lady*