Неуспех

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Првата реакција од неуспехот можеби ќе биде проследена со нервози и истрошени две три паломи,но подоцна сфаќам дека само така ќе станам борбена и смела за да го добијам тоа што го сакам.Ако мислам дека вреди нештото,би пробала и уште милион пати.Нема тешење,само една мисла дека не треба да се откажам од прва.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Прво ќе си се исплачам најубаво што можам и ќе им кажам што ме мачи на најблиските. Тие ќе ме потсетат дека јас сум амбициозна и дека никогаш не треба човек да се предава, дека треба до крај да се труди да ги оствари своите планови. Голем страв имам од неуспех, во таков момент важна е поддршката и инаетот. Колку е поголем инаетот, поголема е веројатноста за успех :)
 

Betani

Нов член
3 јули 2016
4
7
3
Ник Вујичиќ пишува во неговата книга живот без граници за неуспехот. Вели дека секој успешен човек некогаш доживеал неуспех. И така е. Неуспехот е учител и го гради карактерот. :)
 

BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Секој неуспех е чекор поблиску до успехот!
Тоа е тоа што ми дава инспирација to keep walking! Паднеш 9 пати во животот, стануваш 10 пати и се искачуваш на пиедесталот како шампион! После тоа си несопирлив и само Господ може да те сопре! :)
Life doesn't get easier, we get stronger!