и стравот од загуба го надвладеав, и желбата за да те имам помина..
те имав до мене и со мене... беше моја среќа... зарем заборави?
убави денови беа изминале, пројдоа како тивок ветер...
а бура беше тоа што го живеевме...
и да се навратам назад, немам сила...
само да се сеќавам на нас е единствено што остана...
да бевме на други краишта, и друго сонце да ме грееше...
ти ќе беше топлината на мојот живот, мојата причина за постоење...
и пак немам сила да пишувам но имам чувства кои ги потиснувам...
имам страст која само за тебе ја чувам, иако не би сакала пак да те видам..
ме однесе на други места, со тебе видов нешта што не сакав да ги сонувам,
со тебе допрев до она што го запознавав...
од тебе створив идеал... за тебе се борев, за тебе љубев...
за тебе лажев, простував и молев...
а луѓе се плашат да ме срушат поради твоето постоење во мене...
се плашат од тебе, од она што ти го створи од мене..
Да те сакам, Малку е.. да те заборавам е копнеж...
но има место и за нас во овој студен свет...
има место и за љубовта кон тебе, има место за се што бевме јас и ти...
и прости ми на сево ова, но ти беше мојата потпора, мојата гордост, мојот свет...
за се што не можам да ти кажам, не пишувам...
за се што сме биле ќе живеам... за тебе ќе успеам...
и повторно да те сакам, малку е.................
за мојот и секогаш само мој "М"
п.с. засекогаш и никогаш заедно..
Последна промена од модератор: