Невозвратената љубов како поетска инспирација

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
и стравот од загуба го надвладеав, и желбата за да те имам помина..
те имав до мене и со мене... беше моја среќа... зарем заборави?
убави денови беа изминале, пројдоа како тивок ветер...
а бура беше тоа што го живеевме...
и да се навратам назад, немам сила...
само да се сеќавам на нас е единствено што остана...
да бевме на други краишта, и друго сонце да ме грееше...
ти ќе беше топлината на мојот живот, мојата причина за постоење...
и пак немам сила да пишувам но имам чувства кои ги потиснувам...
имам страст која само за тебе ја чувам, иако не би сакала пак да те видам..

ме однесе на други места, со тебе видов нешта што не сакав да ги сонувам,
со тебе допрев до она што го запознавав...
од тебе створив идеал... за тебе се борев, за тебе љубев...
за тебе лажев, простував и молев...
а луѓе се плашат да ме срушат поради твоето постоење во мене...
се плашат од тебе, од она што ти го створи од мене..
Да те сакам, Малку е.. да те заборавам е копнеж...
но има место и за нас во овој студен свет...
има место и за љубовта кон тебе, има место за се што бевме јас и ти...
и прости ми на сево ова, но ти беше мојата потпора, мојата гордост, мојот свет...
за се што не можам да ти кажам, не пишувам...
за се што сме биле ќе живеам... за тебе ќе успеам...
и повторно да те сакам, малку е.................
за мојот и секогаш само мој "М"
п.с. засекогаш и никогаш заедно..​
384373_199145583494308_100001966032243_444256_2039978030_n.jpg
 
Последна промена од модератор:

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Посакувам топлотата на името твое да ја зачувам во срцево. Не посилна е ладнокрвноста па останува само пепел.
После секое ново патување се враќам на истата онаа станица, каде што започнав да пишувам за твоите шепоти.
И како магично утро станува спомен, така и ти со него.
Како што зборовите немаат можност да се докажат.
Како што кукавица нема храброст да се топи во пламен на страста.
И проклетство е тоа што оставам пустош за понатаму. Никогаш не успеа да ја најдеш среќата бидејќи моите очи ја запленија секоја твоја надеж за подобро утро.
А не сакав така да те казнам, немав намера да страдаш со моја болка. А дали толку страшно боли?
Зачекорив низ пекол, по тенок мраз, по тунел на безличноста. За сонот да ти го остварам.
Најдов зрак несудена светлина, најдов забранета љубов, најдов проколнат успех.
И сега не паднав од таа гранка, но сеќавање на минатото секогаш ќе води кон стрмниот пат во една долина на гревови.
Врати се и расцути ги цветовите. Бакни ме и сонцето нека изгрее. Остани и биди среќен​
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Пепел ли е утешението, зошто и покрај се после него не останува ништо? Животот реален ли е? Зошто ако е така само чекам да умрам... Кога се одбива љубовта, само страста да ја пружиш останува... а на кого ли да се предадеш... на желбата за да се успокоиш дека барем на некои начин со некој дел од себе, со некое телесно движење е твоЈ, и само твој.... или да си држиш до егото свое и да не оставиш друг да згазне врз тебе... Само на крајот како и ќе останеш сам/а исто како пепел после ОГАН чекајќи ветер да те однесе на некои други патеки каде што со надеж можеби ке понесеш со себе и некое жарче... па ќе се родиш иста како и порано но со малце повеќе искуство за наредното падешествие што следни да не биде толку болно и да гори страста што е можно подолго во срцето на оној кој знае да сака....​
 
Последна промена од модератор:

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Робинка сум на нашето време...
Веќе измина една година откако се симнавме на нашата станица и продолживме понатаму во животот... А јас сеуште сум тамо кај што се разделивме, чекајќи го мојот воз кој никако не пристигнува... Сеуште сум на онаа клупа седната, читајќи ја книгата која ја испишавме додека траеше нашето кратко патување.
Во некој случаен патник го препознавам твојот лик. Но не си ти. Ветерот понекогаш со себе ќе го понесе твојот мирис, но само за кратко. Потоа се губи како пепел.
Имам лисици на рацете. И едвај пишувам а и графитот го снемува на овој лист. Зошто со него не го снема и твојот спомен.
Секоја ноќ, сонувам ист сон. Како сум затворена во собата на нашата љубов и очајно се молам пред загушената светлост, која надоаѓа од малиот прозорец. Ме осуди и затвори во твоето срце. Ме зароби во светот на илузијата. Да се надевам на слобода, а никогаш повторно моето лице да биде облеано со сончеви зраци. За кој грев ме казни, доживотно да те сакам...​
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
од тука до вечноста и назад...
Јас и ти...
за зборови кои не се доволи да ја искажат среќата...
да го доловат она срце што трепери...
да ја запечатат солзата радосница...
да те сакам и никогаш не е доволно...
зелени очи на проклетството...
смел потсвмев и душа што гори...
јас и ти..
до вечноста на заборавот и назад до искушението на смртта и љубовта која се раѓа и умира...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Едноставно неиздржливо е... Да се љуби овената душа... Слики на талкач во пустина, како бара капка вода. Да ја допре со усните. Да ја почувствува нејзината безгржиност. Но неа ја нема. Тој е изгубен. Ги гони сопствените сништа да ја сретне. Да и` каже дека светот е суров но дека без неа, тој е мртов. Ја моли... да се обиде. Да цути како што некогаш цутеше нејзината душа.

Стаклена насмевка за почеток. Се прашува дали е доволно да ја разбие нејзината ирелевантност. Дали е доволно силна... Сонувачот во него се буди. Тој е сеприсутен во сите нивни заеднички допири. Ја бакнува со зборови за добра ноќ. Ја прегрнува со надеж. Потребна е. Нејзините топли зраци се доволни за обајцата да не останат смрзнати крај патот. Но тишина завладува помеѓу нив.
Неми слики а сепак толку чувства.... емоции...љубов...

Проклето тажно е... Таа венее. А времето го зема сопствениот данок. Останува уште многу малку. А потоа.... темница.​
(Јуни 2009)
 
Последна промена:

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Тука Пишувајте ги вашите дела кои се посветени за изгубена љубов т.е невозвратена!
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123


Молчи...не зборувај​


Немој да ми говориш за твоите 25 години,
затоа што ни самиот незнаеш како е вистински да ги живееш.
Немој да ми говориш за несебичност,
затоа што ти самиот си себичен...
себично го чуваш адолесцентот во себе
и не му дозволуваш еднаш засекогаш да порасне...
Немој да ми говориш за радоста во животот,
затоа што ти всушност и незнаеш што е тоа радост...
Затоа подобро е да молчиш, да не зборуваш ништо...
Кога ќе знаеш дека кога врне дожд не треба да се нервираш што неможеш да излезеш од дома,
туку да пробаш да ја почувствуваш земјата како омекнува под твоите боси нозе,
кога ке почувствуваш како капките дожд се вовлекуваат низ твојата облека и допираат
до твојата кожа,
и мирисот...
и звукот на дождот како паѓа врз лисјата...
дури тогаш ке сфатиш како се чувствувам јас...
и дури тогаш ке можеш да зборуваш...
а до тогаш...само молчи...​
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Зборувај!!!

Ја измивам душава
валкана е...од тебе.​

Ја спакува мојата жилавост
во куфер полн со надеж...
А...каде е сега куферот?
Го заборави?
Нема куфер-нема надеж...​

Липам,
со нем крик
во потсвеста...
Мрзлива сум за да сонувам,
немам сила
за повторно да копнеам,
истоштена сум
од празните докажувања...​

Се од почеток?
Или крај...на се?
Смрдливиов сон
сакам да заврши...поскоро
Зборувај!
Горкава тишина ме убива​
 
Последна промена од модератор: