На путу за Монтевидео/Монтевидео, видимо се

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Српски серијал кој запозчнува со филмот Монтевидео, бог те видео.
Филмот се води како прва сезона, а На путу за Монтевидео (втора) и Монтевидео, видимо се (трета).
Серијата е режирана од Драган Белогрлич, а сценариото е напишано по истоимената книга на спортскиот новинар Владимир Станковиќ и говори за големиот успех на кралството Југославија на светското првенство во фудбал одржано во Уругвај 1930 година.


Во На путу за Монтевидео е прикажано патувањето на репрезантивците до Уругвај, нивните несекојдневни комични ситуации, сплетките...
Монтевидео, видимо се е последната сезона од серијалот и го прикажува престојот во Уругвај, 3 утакмици на Југославија против Бразил, Боливија и Уругвај.

Јас пред некоја недела ја загледав серијата, си почнав со филмот и денес ја изгледав последната епизода. Интересна серија,онака за опуштање, има многу комични сцени што уште се смејам на нив. Има и наш фудбалер во филмот, што баш ми беше интересно за гледање. Ептен е заразна серијава и си го имаона нашето балканското. Го пребарав форумов и не најдов тема за ова.
Пред некој ден видов дека и на некоја наша ТВ почнале да ја емитуваат серијата (добро е што не е синхронизирана), може пак да си ја гледам.
Има некој на форумов што ја гледа или веќе ја има изгледано?

И речиси е невозможно да не се зараите со песниве од серијатаа
И да актерите се кој од кој поубав.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Една од омилените серии ми е и ја следам на Алфа. После победата против Југославија ко почна да ја пејат оваа песна се намовнав!
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
@Selma каде го најде филмот и за што се работи дали е дејствието пред серијата или после? И дали можеш да најдеш некое видео линк од последната епизода каде имаше физичка пресметка помеѓу БСК против Југославија и тие момците во бели костими?
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
@Selma каде го најде филмот и за што се работи дали е дејствието пред серијата или после? И дали можеш да најдеш некое видео линк од последната епизода каде имаше физичка пресметка помеѓу БСК против Југославија и тие момците во бели костими?
Првиот филм на тато некој колега му го беше префрлил, а мислам дека има и на замунда. Вториот филм и последната од kickass ги симнав. Од мобилен сум сега до после ќе побарам на YouTube.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Првиот филм на тато некој колега му го беше префрлил, а мислам дека има и на замунда. Вториот филм и последната од kickass ги симнав. Од мобилен сум сега до после ќе побарам на YouTube.

Симнувам два филмови, но ќе ги изгледам откако ќе догледам серијата на Алфа, а за видео линк не успеав да најдам на јутуб, но ако најдеш на некоја друга страница сподели.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Симнувам два филмови, но ќе ги изгледам откако ќе догледам серијата на Алфа, а за видео линк не успеав да најдам на јутуб, но ако најдеш на некоја друга страница сподели.
На Kickass сите ги имаш, а баш од тоа што ми пиша погоре не најдов линк.
Всушност нема никаде да се гледаат онлајн (или јас не знам да најдам), ги нема филмовите ни сериите.
Има само од зад сцените.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
На Kickass сите ги имаш, а баш од тоа што ми пиша погоре не најдов линк.
Всушност нема никаде да се гледаат онлајн (или јас не знам да најдам), ги нема филмовите ни сериите.
Има само од зад сцените.

Два филмови се или? И дали се пред дејствието на серијата што ја даваат на Алфа или по?
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Два филмови се или? И дали се пред дејствието на серијата што ја даваат на Алфа или по?
2филма се, првиот е „Монтевидео, бог те видео“ и во него е опишано се, нешто како увод за серијата.
Ќе ти се разјснат некои работи за серијата.
2 филм не ти препорачувам да го гледаш, гледај го но откако ќе го изгледаш Монтевидео,видимо се(2сезона серија).
Не ми се допаѓа вториот филм бидеји е на кратко 2сезона од серијата и тоа што го симнав немапе никаков крај.
Ја не можам на ТВ да гледам серија, да чекам кога веќе ја има излезено целата.
Баш се изненадив коа видов дека ја има серијава на ТВ, ама никако да ја фатам,на алфа чинам беше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Интересна серија, почнав и јас да ја гледам ама на тв, на Алфа оди од 22:00. Уствари од 22:30 додека завршат ретардираните Пинкови ѕвезди.
Нема нешто онлајн да се гледа?