PARADOR DE CARMONA
Andalucia, Spain
За земја која има богата Муришка историја, Шпанија има илјадници замоци, тврдини, палати и слично, низ целата своја територија и поголемиот дел од нив се конвертирани во хотели. Нашиот favorite, односно оној на кој падна изборот за оваа листа е Арапски инспирираниотParador de Carmona, од 14 век. Именуван е според градот каде што се наоѓа, а најголем познат град во близина е Sevilla, на оддалеченост од околу 30 km. Внатре, прекрасно стилизиран Муришки (се однесува на периодот од 800 година па натаму, кога Шпанија е била освоена од Арапите и народите од северна Африка) двор и столбови кои се комбинација на споменатиот стил и шпанската класика. Идеално место за одмор за секого!
CHÂTEAU DU PEYRUZEL
Aquitaine, France
Само неколку хотели кои имаат преживеано стогодишни војни имаат „излезено“ со таква елеганција како Château du Peyruzel, тврдина од 13 –тиот век, лоцирана на само 5 km. од градот Domme, во Дордоњскиот вински регион. Од неговата локација високо на ридот, овој замок господари со глетката на долината што се наоѓа веднаш под него, со прозори на сите четири кули кои му посакуваат добредојде на сонцето во сите периоди од денот. Со масивни камени блокови, изделкани од карпи, спирални скалила на пет ката, подови покриени со костен а плафон со орев, замокот Château du Peyruzel, вршти на средновековие, но истовремено (се разбира) ги нуди сите технолошки благодети кои 21 век има да ги понуди.
NEEMRANA FORT-PALACE
Delhi, India
За сите оние кои сакаат да доживуваат нови искуства надвор од доменот на античка и феудална Европа, има и други замоци за истражување, како што е оваа тврдина од 10 ката, воRajasthan, India. Конечно завршен во 1464г. Neemrana Fort-Palace и нејзиниот имот од два декара е изграден во форма на потковица, во самиот рид каде што се наоѓа, до автопатот Delhi-Jaipur и е оддалечен околу 100 km. од Delhi International Airport. Собите се уредени со традиционален Индиски, како и колонијален мебел и повеќето имаат приватни балкони, со поглед кој достигнува 100 km. до првото ниво на гребените на Aravalli планината. Внатре, во ѕидовите на тврдината, гостите можат да се капат во водите на базенот, одат на yoga или вежби по медитација, или пак да искусат некој друг традиционален индиски третман.
HOLLYWOOD CASTLE
Los Angeles, California
Како и многу други работи во Los Angeles, Hollywood Castle е исто така нова градба, односно станува збор за реплика – направен е во 1970 година. Но како и да е, шармот на ова место е и тоа како видлив, со ѕидови покриени со слонова коска, со подвижен мост во внатрешноста и соби уредени со оклопи и големи кои служат како столици. Лоциран на еден хектар површина, веднаш под знакот на Hollywood, хотелот има осум соби и три поплочени дворишта со поглед од 360 степени кон блескавиот град на соништата.
FAIRMONT LE CHÂTEAU FRONTENAC
Québec, Canada
Оваа градба се наоѓа високо на гребен кој ја надгледува реката St. Lawrence и нејзините кули имаат станато заштитен идентитет на Old Québec, кој меѓу другото е прогласен и за споменик на културното светско наследство од United Nations World Heritage Site. Именуван по Louis de Buade, грофот на Frontenac, кој служел како гувернер на Нова Франција од 1672г. до 1682г. ( и потоа уште еднаш од 1689 до 1698). Денес на влезот одChâteau Frontenac гордо стои неговиот оклоп и оружје, кое тој самиот своевремено ги носел. Иако импресивниот дворец изгледа поприлично средновековно, најстарата секција од овој хотел со 618 соби – Citadelle, датира од 1899г. Од тогаш па наваму, оваа градба е вистински бастион на грациозното живеење до денешен ден.