1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Најубави замоци во светот

Дискусија во форумот 'Скулптура и архитектура' започната од Marick14, 10 април 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    PARADOR DE CARMONA
    Andalucia, Spain
    [​IMG]
    За земја која има богата Муришка историја, Шпанија има илјадници замоци, тврдини, палати и слично, низ целата своја територија и поголемиот дел од нив се конвертирани во хотели. Нашиот favorite, односно оној на кој падна изборот за оваа листа е Арапски инспирираниотParador de Carmona, од 14 век. Именуван е според градот каде што се наоѓа, а најголем познат град во близина е Sevilla, на оддалеченост од околу 30 km. Внатре, прекрасно стилизиран Муришки (се однесува на периодот од 800 година па натаму, кога Шпанија е била освоена од Арапите и народите од северна Африка) двор и столбови кои се комбинација на споменатиот стил и шпанската класика. Идеално место за одмор за секого!
    CHÂTEAU DU PEYRUZEL
    Aquitaine, France
    [​IMG]
    Само неколку хотели кои имаат преживеано стогодишни војни имаат „излезено“ со таква елеганција како Château du Peyruzel, тврдина од 13 –тиот век, лоцирана на само 5 km. од градот Domme, во Дордоњскиот вински регион. Од неговата локација високо на ридот, овој замок господари со глетката на долината што се наоѓа веднаш под него, со прозори на сите четири кули кои му посакуваат добредојде на сонцето во сите периоди од денот. Со масивни камени блокови, изделкани од карпи, спирални скалила на пет ката, подови покриени со костен а плафон со орев, замокот Château du Peyruzel, вршти на средновековие, но истовремено (се разбира) ги нуди сите технолошки благодети кои 21 век има да ги понуди.
    NEEMRANA FORT-PALACE
    Delhi, India
    [​IMG]
    За сите оние кои сакаат да доживуваат нови искуства надвор од доменот на античка и феудална Европа, има и други замоци за истражување, како што е оваа тврдина од 10 ката, воRajasthan, India. Конечно завршен во 1464г. Neemrana Fort-Palace и нејзиниот имот од два декара е изграден во форма на потковица, во самиот рид каде што се наоѓа, до автопатот Delhi-Jaipur и е оддалечен околу 100 km. од Delhi International Airport. Собите се уредени со традиционален Индиски, како и колонијален мебел и повеќето имаат приватни балкони, со поглед кој достигнува 100 km. до првото ниво на гребените на Aravalli планината. Внатре, во ѕидовите на тврдината, гостите можат да се капат во водите на базенот, одат на yoga или вежби по медитација, или пак да искусат некој друг традиционален индиски третман.
    HOLLYWOOD CASTLE
    Los Angeles, California
    [​IMG]
    Како и многу други работи во Los Angeles, Hollywood Castle е исто така нова градба, односно станува збор за реплика – направен е во 1970 година. Но како и да е, шармот на ова место е и тоа како видлив, со ѕидови покриени со слонова коска, со подвижен мост во внатрешноста и соби уредени со оклопи и големи кои служат како столици. Лоциран на еден хектар површина, веднаш под знакот на Hollywood, хотелот има осум соби и три поплочени дворишта со поглед од 360 степени кон блескавиот град на соништата.
    FAIRMONT LE CHÂTEAU FRONTENAC
    Québec, Canada
    [​IMG]
    Оваа градба се наоѓа високо на гребен кој ја надгледува реката St. Lawrence и нејзините кули имаат станато заштитен идентитет на Old Québec, кој меѓу другото е прогласен и за споменик на културното светско наследство од United Nations World Heritage Site. Именуван по Louis de Buade, грофот на Frontenac, кој служел како гувернер на Нова Франција од 1672г. до 1682г. ( и потоа уште еднаш од 1689 до 1698). Денес на влезот одChâteau Frontenac гордо стои неговиот оклоп и оружје, кое тој самиот своевремено ги носел. Иако импресивниот дворец изгледа поприлично средновековно, најстарата секција од овој хотел со 618 соби – Citadelle, датира од 1899г. Од тогаш па наваму, оваа градба е вистински бастион на грациозното живеење до денешен ден.
     
    На Tantara, Dolphine, Succubus и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    ASHFORD CASTLE County Mayo, Ireland[​IMG]
    Со спектакуларна поставка од над 120 хектари, полна со шуми и средени градини, покрај бреговите на Lough Corrib, замокот Ashford датира уште од 1228 година. Оваа прекрасна градба од сив камен со 83 одаи, некогаш била сопственост на фамилијата Guinness (да, како пивото, не книгата), така да тоа всушност претставува Ирска кралска лоза. Трансформиран во луксузен хотел со пет ѕвезди во 1939г., Ashford од тогаш па наваму има угостено како голем број на ѕвезди, така и „случајни минувачи“, кои имаат дојдено во ваквите предели да искусат не само ручек и вечера на највисоко ниво, туку исто така и свеж воздух и забава: јавање, стрелаштво и секако голф. Ова се само еден мал дел од работите со кои можете да си го исполните времето при престојот во ова извонредно место!
    PENTILLIE CASTLE
    Cornwall, England[​IMG]
    Изграден во 1698г. од Jems Tillie, замокот Pentillie, имал драматична историја. Tillie направил скандал со тоа што се оженил со вдовицата на својот работодавец, а потоа се конфронтирал и со тогашниот Крал James II. Но бурното минато тешко дека ќе ги одврати посетителите од прекрасната локација на Pentillie Castle на бреговите на реката Tamar, недалеку од Plymouth. Овој замок со жолтеникава боја е опкружен со зелени градини исполнети со цветови од азалеја и камилица, а поголемиот дел од земјиштето (над 700 хектари) се уште е „населено“’ со фармери – кираџии и со големи пространства на шуми, резервирани за лов. Хотелот има девет дупли соби и е врвна дестинација и одредиште за организирање на венчавки.
    CASTLE OF THE FOUR TOWERS
    Siena, Italy [​IMG]
    807 години стариот замок, направен од црвени тули, има најистакнато место за поглед наSiena, од нејзината највисока позиција. Оригинално изграден како приватен дом, во 14-ти век, локацијата на замоков излегло дека е од исто така високо стратегиско значење, како и од питорескно, па така објектов служел како тврдина во 15-тиот век, за време на граѓанските немири, се додека мирот не се вратил во 16 – тиот век. Сега повторно е приватна резиденција, но соби и апартмани можат да се рентаат. Посетителите можат да се воодушевуваат на лавиринтот во градината или пак да прават прошетки околу лозовите и маслинестите насади.
    CHÂTEAU KRASNA LIPA
    North Bohemia, Czech Republic [​IMG]
    Еден фин Чешки валц е единственото нешто кое недостасува во оваа атмосфера како од бајките, во дворецот Krasna Lipa, лоциран во чешкиот швајцарски дел (како што го нарекуваат). Изграден во 1886г. ова единствено место има тераси и балкони познати како Juliet, а плафоните високи 4 ипол метри воопшто не треба да ги споменуваме, исто како и рачно изрезбаниот мебел во антички стил и Rococo слики по ѕидовите. Околината која го опкружува ова прекрасно место е дом на бујна и атрактивна шума, која ги кани сите романтични души да ги откријат замрсените карпести формации и кристално чистите реки и езерца. Сега се изнајмува за викенд релаксација и има 8 луксузни апартмани со приватни бањи, уредени со state of the art технологија, а некои имаат и тераси со невиден панорамски поглед. Приватни tour водичи и преведувачи се достапни за гостите, а целата локација се наоѓа на некои 120 km. оддалеченост од Прашкиот аеродром.
    SCHLOSS SOMMERSDORF
    Bavaria, Germany [​IMG]
    Секој замок ситуиран во близина на познатиот германски “Castle Road”, или Патот на замоците, мора да се докаже како нешто посебно. Токму таков é и 803 години стариот Schloss Sommersdorf. Оваа структура од 14 –ти век има издржано секакви бурни периоди на околината, вклучувајќи ја и тресет годишната војна од 17 – ти век и нејзината фасада и внатрешна конфигурација се сé уште не променети. Посетителите можат да одберат дали ќе останат во еден од трите апартмани или двете соби, или пак да одат на помодерна варијанта, односно во скоро реновираната Bohemian House (Боемска Куќа), која исто така се наоѓа во рамките на дворецот. Лоциран на патот помеѓу Niederoberbach и Grossenried, Schloss Sommersdorf, е идеална локација за истражување на над 1 000 km. долгиот пат за замоци. Има уникатна гаража за коли за рентање за посетителите, во која се вклучени 1905 Cadillac, 1913 Ford "Tin Lizzie," и 1926 Durant Rugby R touring model
     
    На Tantara, Succubus, Faith и уште 5 други им се допаѓа ова.
  3. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Врска ни немаат овие Европејскиве, видете ги јапонскиве..
    Дворецот „Bitchu Matsuyama
    Првиот дворец бил изграде на соседната планина во далечната 1240 год., додека денешниот дворец датира од 1683 год. кога Mizunoya Sakyonosuke Katsumune го има изградено дворецот на денешната локација.
    [​IMG]
    Дворецот „Hikone“
    Дворецот „Hikone“ е најпознат по местото од историска важност каде е изграден – Hikone, префектурата Shiga, Јапонија. Потекнува од далечната 1603 год. кога Naokatsu, син на некогашниот дамио Ii Naomasa, наредил негова изградба.
    [​IMG]
    Дворецот „Himeji
    Дворецот „Himeji“ се смета за најдобриот „преживеан“ пример на типичната архитектура на јапонски дворец, вклучувајќи систем од 83 градби со напреден систем на одбрана.
    [​IMG]
    Дворецот „Hirosaki
    Дворецот „Hirosaki“ е гратцки дворец кој отсекогаш играл важна улога во политиката и економијата на регионот изграден во XVII век.
    [​IMG]
    Дворецот „Inuyama
    Дворецот „Inuyama“ никогаш не бил уништен уште од неговата изградба во далечната 1537 год.
    [​IMG]
    Дворецот „Kochi
    Дворецот „Kochi“ започнат е со изградбас 1601 а завршен1611 год. Изгорен е во 1727 год. за да биде реставриран неколку години покасно, а полежен е на реставрации и од 1948 до 1959 год.
    [​IMG]
    Дворецот „Marugame“
    Дворецот „Marugame“ исто познат и како „Kameyama“ и „Horai“, е хирајамаширо (дворец поставен на врв на брдо опколен со низина) лоциран во Marugame, префектурата Kagawa, Јапонија, потекнува од 1587 год.
    [​IMG]
    Дворецот „Maruoka“
    Дворецот „Maruoka“ е лоциран на високото брдо над градот Маруока, префектурата Fukui во централна Јапонија. Неговата изградба е завршена во 1576 год. и претставува најстар од сите дворци во Јапонија.
    [​IMG]
    Дворецот „Matsue
    Дворецот „Matsue“ е единствениот „преживеан“ во регионот Sanin, изграден во 1622 год.
    [​IMG]
    Дворецот „Matsumoto
    Дворецот „Matsumoto“ оригинално нарекуван Fukashi е невообичаен за јапонските дворци поради тоа што е изграден во рамнина покрај езерце.
    [​IMG]
    Дворецот „Matsuyama
    Дворецот „Matsuyama“ е еден од најубавите дворци во Јапонија, изграден во 1602-1628 год.
    [​IMG]
    Дворецот „Uwajima
    Дворецот „Uwajima“ е исто така хирајамаширо (дворец поставен на врв на брдо опколен со низина) во Uwajima, Ehime, Јапонија, уште еден во низата на преубави дворци конструиран во 1569 год.
    [​IMG]
     
    На Hexasto, lady_blue, КрисТина К. и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. cece17

    cece17 Староседелец

    Зачленет на:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    270
    Допаѓања:
    204
    Сиеана Италија ммм
     
  5. cece17

    cece17 Староседелец

    Зачленет на:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    270
    Допаѓања:
    204
    Мене повеќе ми се допаѓаат Европскиве :)
     
    На parvati, Marick14 и Bibi@ им се допаѓа ова.
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,460
    Допаѓања:
    14,377
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]Версајскиот дворец(Франција) најубав ми е!
     
    На Dolphine, Luckky, Marick14 и уште 1 член му се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Иако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.
    .
    1. Замокот Хоенцолерн, Германија
    Овој волшебен замок бил средиште на големи пруски кралеви и германски владетели. Датира уште од средниот век. Изграден е во 11 век, потоа бил целосно уништен во 1423 година, а бил реконструиран во 1461 година. Погледот кон планината Хоенцолерн (855 м) е зачудувачки, како и самиот комплекс. Овој замок се наоѓа на околу 50 км јужно од Штутгарт.[​IMG]
    2. Замокот Хауард, Англија
    Иако изгледа како замок, ова е всушност фамилијарна резиденција на семејството Хауард, кое живее тука веќе 300 години. Оваа семејна резиденција се наоѓа во Северен Јоркшир и претставува најголемото живеалиште во Велика Британија. Изградбата на оваа палата е започната од крајот на 17 век и траела околу 15 години. Меѓу најзабележителните карактеристики на замокот се прекрасните градини и паркови кои се распослани на огромно пространство.[​IMG]
    3. Замокот Алказар во Сеговија, Шпанија
    Овој замок се наоѓа во стариот дел на Сеговија, Централна Шпанија. Изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни.[​IMG]
    4. Замокот Химеџи, Јапонија
    Замокот Химеџи, познат и како Белиот замок на чапјите, се одликува со прекрасна бела надворешност. Во овој огромен комплекс влегуваат 83 древни објекти. Еден од најпознатите одбранбени елементи на овој замок се многуте лавиринти кои водат до главната кула. Портите се изградени на тој начин што ги принудуваат натрапниците да се соочат со многу слепи патеки. Химеџи бил изграден во 14 век, а денес може да го посетите во регионот Кансаи во Јапонија.[​IMG]
    5. Замокот во Прага, Чешка
    Прашкиот замок претставува икона на Чешка, а е еден од најстарите и најголемите замоци во светот. Долг околу 570 метри и широк 130 метри, овој замок претставува извонредно архитектонско чудо. Во себе ги содржи сите стилови на последниот милениум, готика со романескни и барокни елементи. Првиот објект од овој прекрасен комплекс е изграден уште во 9 век.[​IMG]
    6. Замокот Пелеш, Романија
    Сместен во планинската идила на Карпатите, Пелеш е вистинска бајковидна градба. Изградбата била започната во 1873 година и еве како романската кралица Елизабета го опишала неговото градење:
    .
    „Италијанците биле ѕидари, Романците ги граделе терасите, Циганите биле носачи, Албанците и Грците работеле со камен, Германците и Унгарците биле столари, а Турците ги гореле тулите. Инженери биле Полјаците, а каменоресци Чесите. Очигледно, можеле да се слушнат 14 јазици меѓу работниците.“​
    [​IMG]
    7. Замокот Шамбор, Франција
    Со оглед на тоа дека Шамбор бил официјално изграден како викенд-куќа за лов, овој замок е доста импресивна градба. Локацијата за неговата изградба била одредена од кралот Франсоа I. Тој намерно го избрал тоа место бидејќи се наоѓало блиску до замокот на неговата љубовница, Клод Рохан. Овој масивен замок има 440 соби, 365 камини и 84 скали и со тоа претставува најголемиот замок во долината Луара во Франција.[​IMG]
    8. Замокот Нојшванштајн, Германија
    Изградбата на овој замок била започната уште во 1896 година, а дизајнер на ова прекрасно здание бил, не архитект, туку сценографот на Лудвиг Втори, Христијан Јанг. Пред завршувањето на замокот тој бил прогласен за луд. Ова објаснува многу во поглед на архитектурата на Нојшванштајн. Локацијата и големината на замокот се спектакуларни и помалку луди. Тој се наоѓа на врвот на еден рид во југозападниот дел на Баварија и претставува голема туристичка атракција во Германија.[​IMG]
    9. Замокот Корфе, Англија
    Иако, рушевините е сè што е останато од замокот Корфе, тие се доволен доказ за грандиозноста на оваа градба. Се наоѓа во округот Дорсет, на островот Пурбек и се претпоставува дека е изграден во 9 век. Други докази укажуваат на тоа дека е изграден многу порано и бил римска дефанзивна градба. Остатоците од деловите кои се сочувани до денес, биле изградени во 11 век. Два века подоцна биле во функција на магацини на богатството на кралството на Англија и служеле како затвор.[​IMG]
    10. Замокот во Мацумото, Јапонија
    Ова е неверојатен замок кој се наоѓа во градот Мацумото, во близина на Токио. Бил изграден во 1504 година и денес е Национално богатсво на Јапонија. Замокот бил во употреба сè до средината на 19 век. По реставрацијата на Меиџи во 1868 година, новата јапонска влада била одлучна да го сруши замокот и да го продаде за дрво и железо. За среќа, локалните жители го купиле пред да биде срушен и денес сведочи за суровата јапонска историја.[​IMG]
    11. Замокот Елц, Германија
    Елц е уште еден истакнат германски замок. Оваа прекрасна средновековна конструкција се наоѓа во југозападниот дел на Германија и сè уште е сопственост на фамилијата која живее таму 800 години. Сопственик на замокот е д-р Карл Граф фон унд цу Елц, кој ја претставува 33-тата генерација на домот на Елц.[​IMG]
    12. Ејлен Донан, Шкотска
    Замокот Ејлен Донан бил изграден во 13 век да ги спречи Викинзите од инвазии, а денес е најпознатата туристичка атракција во Шкотска. Бил именуван по епископот Донан кој дошол во Шкотска во 6 век. Замокот се наоѓа на остров опкружен со прекрасни предели и висорамнини. Тврдината е реконструирана најмалку 4 пати, па затоа и нејзината реставрација траела 200 години (18-20 век). Таа всушност лежи на урнатини. Во 1932 година е отворена за посетители и секојдневно има огромен број туристи од целиот свет.[​IMG]
    13. Тврдината Нешател, Швајцарија
    Замокот, изграден во 10 век, е подарок од Кралот Рудолф III и неговата жена. По овој дарежлив подарок биле именувани градот, езерото и Швајцарскиот кантон. Бил реконструиран во 15 и 17 век, а денес замокот е средиште на кантонската влада и судовите.[​IMG]
    14. Тврдината Гуаита, Сан Марино
    Оваа тврдина се наоѓа на врвот Гуаита, има поглед кон целиот град Сан Марино и претставува икона на оваа мала земја целосно опколена со територијата на Италија. Тврдината била изградена во 11 век и некое време служела како затвор. Гуаита е една од трите кули на Сан Марино, која се наоѓа на трите врвови на Монте Титано. Кулите се прикажани и на националното знаме и на грбот на Сан Марино.[​IMG]
    15. Замокот Конви, Велс
    Конви е еден од најистакнатите замоци на Едвард Први, изграден во 13 век. Тој е еден од клучните замоци на кралскиот „железен прстен“ изграден на тврдината во Велс. За неговата градба се претпоставува дека Едвард Први потрошил 15.000 фунти (162.000.000 фунти во денешни пресметки) што го прави овој замок најскапиот во Велшката историја. Денес Конви е прогласен за светско наследство и со својот поглед кон заливот Конви е најпретставителниот објект во Северен Велс.[​IMG]
     
    На Tantara и Dolphine им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    1. The Potala Palace - Најголемата монументална структура во Тибет

    1.jpg
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Нордкишен Германија
    [​IMG]

    [​IMG]

    Лидс Англија
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Dolphine и slb_bobo им се допаѓа ова.
  10. Aleksis

    Aleksis Jukebox

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    1,440
    Допаѓања:
    2,539
    Шверинскиот замок - Германија
    Првите податоци за овој замок датираат од 973 година, а моментално служи како седиште на државниот парламент.
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Замокот Версај - Франција
    Овој кралски замок е најраскошниот дворец на светот. Има 2300 соби и околу 5200 парчиња мебел.
    [​IMG]

    Екатеринскиот дворец - Русија
    Оваа резиденција била изградена за Екатерина Прва како нејзина летна палата.
    [​IMG]
     
    На Tantara, Хоуп* и Змејче им се допаѓа ова.

Сподели: