Најпреценети и најпотценети филмови

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мислам дека нема ваква тема, ако има тогаш значи не гледам убаво :).

Сите имаме гледано филмови кои се преценети и не заслужуваат голема оценка или пак некои потценети кои заслужуваат поголема оценка.

Значи темава е баш за тоа, ставајте филмови кои според вас се преценети или потценети, пишете и по неколку зборови зашто мислите така, да не биде само слики и линкови темава :).

За мене преценет филм е Dark knight rises. Досаден филм кој едвај го изгледав, има оценка 8.6 а јас би му дал 5, само заради глумата на Хит.

За потценет филм го сметам Phone Booth. Интересен трилер кој се случува на едно место, добра приказна која не ми се здосади, 7.1 му е оценката а според мене би требало да е 8.5.

Ова ми е прва тема во подфорумов така да ако има грешки нешто не ме тепајте :) :).
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
V for Vendetta.
Да, добра порака дава, башка и добра консталација на глумци, прикаска и сценографија (ефекти пред се`), но не е ли веќе видено истото во Бетмен? Башка контрадикторноста на слободата на избор против консумеризмот. Истите тие што го пласирале својот продукт на синематографијата жолчно тврдат да се консумира истиот со бомбардирање по социјалните мрежи и интернетот воопшто.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Lord of the rings најпреценет филм. Ever! Еднаш мислам дека пишав за ова на форумов. Приказната како приказна е супер, рака на срце ама приказната е мастерпис. Ама филмовите тебра се досадни. Не мора по пет минути да прикажуваш како хобитите се гушкаат меѓусебе, како храната од елфовите паѓа по карпите во slow-mo и слични ствари. Друга работа е што не ми се свиѓаа боите. Толку презаситена слика со боја мислам дека нема во ниеден друг филм. Убаво е да се има заситеност, ама што е многу многу е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Додека Лео го сметам за феноменален актер и после Оскари би му ги бришела солзите со парите што си ги заработил, некако највеќе ми се наоѓа ко актер во листата на преценети филмови, кои веројатно добиле нешто на вредност дека тој е во нив.
Titanic - Досаден, клише, препрепреценет. Го вивна Лео во ѕвездите, океј. Приказната за самиот брод е трагична, океј...ама три часа одмерување, скини ми гачице, пеинт ми лајк уан оф јор Френч грлс, е премногу. Траума од тинејџерство ми е гледањето на филмов со друштво.
The Great Gatsby - Можеби непосредно по гледањето немав некое лошо мислење т.е. уште мислам дека костимите и ефектите се феноменални, но никако не успеав да се соживеам со приказната. Премногу конфети, убави лица и олд спорт муабети. Јес да поентата е тоа да се долови, ама веќе ме иритираат тие холивудски клишеа во сценаријата од кои нема отстапки.
Shutter Island - Предвидлив уште после 30ина минути. Го гледав со паузи од што ми беше досаден. Пак досадното холивудско кое те отфрла од приказната и носи во друга насока, за на крај да ја одвитка приказната во ЦСИ стил каде ќе те навратат на некоја сцена и ќе зумираат на ноктот каде уствари се крие целиот пресврт. Се забораваат со таквите вртења во круг.
Taken - Лично, сакам вакви филмчиња, иако знаат да делуваат нереално, па и овие не ми се така лоши, но дека се преценети - се. Ајде еднаш бедес, па местенки, па адреналин...ама двапати истата финта продавање пошто првиот дел доживеал успех? Немој не ме радуј. Фали уште да смислат каде од калта од ушите се става во пијалокот на негативците и тоа соединение е отровно за лошиве батки, а на херојов му дава сила да рипне од еден град во друг.
Gravity - Се крстев за Оскарите. Нема збор дека за ефекти е и повеќе од заслужено, ама е ultra dull и не знам зошто некому воопшто му текнало да направи ваков филм. После 10 минути, комотно прерипував низ сцените и пак не осетив дека сум пропуштила нешто.
Avatar - Really? (facepalm)

Листава до сабајле можам да ја продолжувам.
За потценети, понатака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Преценети

Leon: The Professional
http://m.imdb.com/title/tt0110413/?ref_=m_chttp_tt_27

The Departed
http://m.imdb.com/title/tt0407887/?ref_=m_chttp_tt_46

The Matrix
http://m.imdb.com/title/tt0133093/?ref_=m_chttp_tt_18

Прво за Леон да кажам. Не знам како има толкава оценка и како се нашол на толку високо место. Убиец спасува дете и таа после ќе го засака па на крајот детето го убива тој што и ги убил родителите, глупости. Би му дал 4 најмногу. :)

Departed копија на кинескиот трилер (имам пишано рецензија за кинескиов). Веќе виден и со скроз иста приказна, најмногу 5.

Matrix хаха каков луд филм. Јас сакам сф филмови ама ова е жива глупост за мене, би му ја смалил оценката на 4.5-5, заради Ривс иначе да беше друг актер би му дал уште помала. :)

Овие 3 филмови се наоѓаат пред мнооогу подобри кој заслужуваат да се погоре, на пример: The Shining, Gone with the Wind, A Clockwork Orange, Taxi Driver, L.A.Confidential, Sunset Boulevard, Vertigo, The Sixth Sense, Dial M for Murder, Twelve Monkeys итн...
Мислам стварно, не се нормални. :)

Потценет

Rope
http://m.imdb.com/title/tt0040746/?ref_=m_chttp_tt_242

Супер трилер на Хичкок, дејството се случува во една соба цело време. Двајца пријатели убиваат еден човек и ќе се обидат да го скријат убиството од останатите гости.
Е филмов на пример би му дал оценка плус, значи 9 и би го ставил меѓу првите 30. :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Во Леон детето не го уби тој шо и ги уби родителите (Гери Олдман) туку тој го отепа главниот лик (Жан Рено) на крајот... само што Рено активираше рачна бомба која го уби убицата... сигурен си дека го имаш гледано? :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Во Леон детето не го уби тој шо и ги уби родителите (Гери Олдман) туку тој го отепа главниот лик (Жан Рено) на крајот... само што Рено активираше рачна бомба која го уби убицата... сигурен си дека го имаш гледано? :zelen
Во право си, се збунив јас. Дека имаше сцена каде девојчето му држи пиштол на убиецов и тоа ме збуни, мислев дека тогаш го убила, одамна ми е гледан па и ти. :)
Како и да е ептен на високо место се наоѓа а не ми е нешто посебно. :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во право си, се збунив јас. Дека имаше сцена каде девојчето му држи пиштол на убиецов и тоа ме збуни, мислев дека тогаш го убила, одамна ми е гледан па и ти. :)
Како и да е ептен на високо место се наоѓа а не ми е нешто посебно. :)

Имаше ама се укочи тогаш Натали Портман и тој и го одзеде пиштолот, дали и ќотек и мавнаа не можам да се сетам.
А за ова имдб оцени никогаш не ги гледам, скроз ми е вотевер каква оцена имал филмот на сајтот.
Него, Матрикс - жива глупост викаш?:D

1383130012209.gif
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Имаше ама се укочи тогаш Натали Портман и тој и го одзеде пиштолот, дали и ќотек и мавнаа не можам да се сетам.
А за ова имдб оцени никогаш не ги гледам, скроз ми е вотевер каква оцена имал филмот на сајтот.
Него, Матрикс - жива глупост викаш?:D

1383130012209.gif
Да, мене жива глупост ми беше. Еве тебе претпоставувам ти се допаѓа, кажи ми зашто? :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да, мене жива глупост ми беше. Еве тебе претпоставувам ти се допаѓа, кажи ми зашто? :)

Долга и широка, после ќе напишам, филм кој ја обележа информатичката ера, како што порано имало филмови кои одбележале некои други епохи...