Матрицата ти е филм за матрицата 
Се работи за природата на реалноста и манипулација со неа, во случајов имаш машини кои раководат со светот а матрицата е само виртуелна симулација на реален живот каде луѓето се само извор на енергија за системот, батерии, нивниот живот се дешава во контејнери а тие се само приклучени на некој сервер кој системот го користи за симулација на реалноста. Значи Нео кога јаде или пие тој не прави ништо само чмае во контејнер а филингот е само бинарен код, даунлоуд, доволно напреден да дава и илузија на вкус/мирис etc.
Не треба нешто посебна имагинација за да се увиди што е поентата, дека денес а и секогаш рајата била само извор на енергија на елитата, мал број на психопати и нивни миниони кои го контролираат светот.
Кога ќе размисли човек и нема што да се приговори тука. Ако се собере времето, нервите, здравјето кои човек го троши работејќи и постоејќи за системот ќе се дојде до шокантни цифри за кои и подобро да не се размислува, да се остане во динајал, да се трае и трпи и да се земат трошките кои паѓаат од масата на господарите. Или да се бори против тоа а ако се бори става се` на коцка. Муабетот на нео и морфеус со изборот на пилулите, нели. Е сега не дека е прв Матрикс во сето тоа, туку е прв филм кој стана мејнстрим а се бави со таква тема.
А за да сите тие идеи и концепции се спакуваат во филм кој ќе биде комерцијален и кинематографски солиден е предизвик кој режисерите го решиле феноменално така да не знам како би се дошло до заклучок дека филмот е слаб.
Муабетите на агентот Смит се класика на управувачката перцепција каде експлоатацијата на робовите се дешава за `нивно добро` бидејќи не ги бидува за ништо друго а.к.а муабетот шо му го правеше на Нео дека луѓето се вируси. Има многу такви прајслес парчиња муабет во филмот.
На крај, кинематографски и не е особено битно што и како, сето тоа е второстепено и како подршка на самата содржина за разлика од скоро сите филмови кои доаѓаат од холивуд. Акцијата и остали ствари во филмот се само како мостови за да се поврзат муабетите и концептите за системот и секако да се прилече раја во кино салите, нешто кое им успеа во таа мера што снимија и сосема непотребни два дела плус.

Последна промена: