Најдоброто чувство во животот

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Чувството пост фестум кога ќе ти виси животот на конец.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Еее претходно сум заборавила..
Чувството кога ќе ти кажат дека следниот ден нема да одиш на берење тутун.. Мислам, really?? :wavespin
Е така се чувствувам сега (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and slb_bobo

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Немам такви зборови со кои би можела да го опишам моментот.....
......додека од топлата банја го вадам тоа мало бебенце ....налик на кротко јагненце.
Моментот додека го завиткувам во крпа...и се наведнувам да го почувтвува мојот здив...
......за да стане уште покротко и се претвори целото во две крупни очинја.
Неговата топлина е .....незаборавна.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Чувството кога си на одмор и уживаш и нема луѓе наоколу!!! Единствено !!!
Чувството коа си облечен и изгледаш онака како што си замислил!!
Чувството кога љубиш и ти е возвратено од вселената три пати повеќе!
Чувството кога си здрав !!!
Чувството кога имаш пријатен семеен неделен ручек.
Чувството кога најдобриот пријател се жени/мажи.
Чувството кога ќе дипломираш !
Чувството кога ќе се вработиш и ќе ти стаса првата плата
Чувството кога ќе му дадеш макар и 50 денари на некој што бара.
Чувството кога имаш малку ама доволно пари да ги изнесеш пријателите на вечера.
Чувството кога ќе се изопиеш како трупец а не ти се лоши:sreken
Чувството кога ќе си најдеш цигарче скриено а веќе си полудел од барање наоколу по чантите.
Чувството кога Челзи победува !!!!
Чувството кога ќе ја најдеш песната или албумот кој не си знаел од кој е ни како се вика.
Чувството и убавината на секојдневниот живот.......
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Според мене... Чувството на олеснување кога конечно ќе собериш храброст да ставиш крај на нештото што те измачувало.