Што се споменува горе за Пирло, точно е дека целата игра преку него одеше, но баш во директниот дуел меѓу него и Иниеста, онаму каде што највеќе требаше да се докаже, а тој беше исцрпен и Иниеста се покажа како подобар, па мислам дека затоа му е нему доделена наградата. А на ова првенство имаше и доста други добри играчи кои требаше да продолжат понатаму и можеа да дојдат до оваа награда, и да ги надминат и Иниеста и Пирло и Балотели, ама таква им била среќата. (пр. Росицки, Шевченко, Бентнер и сл.)
Само да спомнам дека во 2010 не го освои некој од Шпанија, ниту пак од финалето, наградата ја освои Форлан што според мене беше заслужено, на тоа првенство тој направи повеќе и од Иниеста и од било кој друг за својот тим.