Најдобриот фудбалер на Европското 2012

Дали Иниеста ја заслужи МВП наградата на Европското Првенство?

  • Да

    Гласови: 6 42.9%
  • Не

    Гласови: 8 57.1%

  • Вкупно гласале
    14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Техничкиот тим на УЕФА составен од познати тренери како Фабио Капело, Жерар Улие, Ларс Лагербек и други, одлучи наградата за најдобар фудбалер на Европското првенство во Полска и Украина да му ја додели на Андрес Иниеста. Секоја чест на шпанскиот репрезентативец, но најдобар фудбалер на овој континентален турнир беше Андреа Пирло. Не дека Иниеста не беше доволно добар да ја освои оваа индивидуална награда, туку едноставно фудбалерот на Јувентус беше подобар. Во продолжение ќе ви објасниме и зошто мислиме така.

Шпанија го осови Европското првенство и тоа во едно доминанто финале против Италија, што воедно беше и директен дуел на Иниеста и Пирло. Бројките се на страна на италијанскиот репрезентативец, бидејќи на шесте одиграни натпревари тој има постигнато еден гол од слободен удар против Хрватска и реализираше две асистенции. Шпанецот од друга страна нема постигнато гол и има само една асистенција зад своето име. Двајцата фудбалери по три пати беа прогласени за играчи на натпреварите и само тука овие двајца се израмнети.

Европската круна секако му дава предност на Иниеста, но неговата улога во освојувањето на титулата беше многу помала во однос на она што го покажа Пирло за Италија во текот на целиот турнир. Ако играта на Шпанија се потпира на силата на колективот, играта на Италија се потпираше и зависеше единствено од еден човек, а тоа беше Андреа Пирло. Секоја акција и буквално секое додавање на натпреварите мораше да помине низ играчот за врска на Јувентус пред да биде дистрибуирана во нападот. Пирло едноставно беше главен во играта на Италија, додека Иниеста беше само еден дел од мозаикот на Шпанија и далеку од главниот „виновник“ за освојување на европскиот трофеј.

Андрес Иниеста секако заслужува поголеми индивидуални признанија, кои ги заслужи пред две години, а не сега. Фудбалерот на Барселона блескаше во својот клуб во сезоната 2009/2010, а на Светското првенство во Јужна Африка беше најдобриот фудбалер на Шпанија и човекот, кој со својот гол во финалето против Холандија и го донесе на „фуријата“ најпрестижниот трофеј во фудбалот. Иниеста тогаш ја заслужи наградата за МВП на Мундијалот и можеби „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер во 2010 година, но не и на овој евро-собир 2012 година.

Кој според вас беше најдобар фудбалер на Европското првенство во фудбал?

Според мене најдобар беше Балотели.

МВП освои Иниеста, но според вас дали е заслужено или требаше друг да го освои МВП?
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
вообичаено е МВП да биде играч од освојувачот на титулата ... се сеќавам World Cop '94 USA -
Best player was Romário

a Roberto Baggio беше човекот кој ги полнеше стадионите и ги доведе италијанците до финалето со неговата фантастична игра ... значи он заслужи да биде МВП, ама Romario со Brasil ја освои шампионската титула и он беше добитникот на таа награда !
има уште неколку вакви примери ...

значи таа е филозофијата на FIFA и UEFA - најдобриот играч да биде дел од шампионот ... нема дилема (shake)

за Иниеста не се согласувам, убаво образложи погоре зашто ... а според мене најдобар - не можам да кажам само едно име, така да , ке останам воздржан :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Mats Hummels i Pirlo
i naravno onoj govedo od Portugaliju Bruno Alves : )
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Пирло или Балотели требаше да освојат. Од кај го ископаа Иниеста само да ги прашам. (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
се согласувам дека пирло требаше да биде прогласен, а не инеста има навистина горе добро образложено но тоа е секогаш подобриот не победува
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
се согласувам дека пирло требаше да биде прогласен, а не инеста има навистина горе добро образложено но тоа е секогаш подобриот не победува

Абе ај, без врска им е прогласувањево. И на Светското ако памтиш кога освои Канаваро, тогаш Пирло требаше да освои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
Абе ај, без врска им е прогласувањево. И на Светското ако памтиш кога освои Канаваро, тогаш Пирло требаше да освои.
како да не паметам одсекогаш навивам за италија, а прогласуваат кој ќе и текне на нив и кој ќе им се допадне што воопшто не се согласувам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
како да не паметам одсекогаш навивам за италија, а прогласуваат кој ќе и текне на нив и кој ќе им се допадне што воопшто не се согласувам

Е ајде де, катастрофа. Не мора да освојува МВП секогаш фудбалерот што освоил и првенство. Па и еден Кедира беше подобар од Иниеста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio