Техничкиот тим на УЕФА составен од познати тренери како Фабио Капело, Жерар Улие, Ларс Лагербек и други, одлучи наградата за најдобар фудбалер на Европското првенство во Полска и Украина да му ја додели на Андрес Иниеста. Секоја чест на шпанскиот репрезентативец, но најдобар фудбалер на овој континентален турнир беше Андреа Пирло. Не дека Иниеста не беше доволно добар да ја освои оваа индивидуална награда, туку едноставно фудбалерот на Јувентус беше подобар. Во продолжение ќе ви објасниме и зошто мислиме така.
Шпанија го осови Европското првенство и тоа во едно доминанто финале против Италија, што воедно беше и директен дуел на Иниеста и Пирло. Бројките се на страна на италијанскиот репрезентативец, бидејќи на шесте одиграни натпревари тој има постигнато еден гол од слободен удар против Хрватска и реализираше две асистенции. Шпанецот од друга страна нема постигнато гол и има само една асистенција зад своето име. Двајцата фудбалери по три пати беа прогласени за играчи на натпреварите и само тука овие двајца се израмнети.
Европската круна секако му дава предност на Иниеста, но неговата улога во освојувањето на титулата беше многу помала во однос на она што го покажа Пирло за Италија во текот на целиот турнир. Ако играта на Шпанија се потпира на силата на колективот, играта на Италија се потпираше и зависеше единствено од еден човек, а тоа беше Андреа Пирло. Секоја акција и буквално секое додавање на натпреварите мораше да помине низ играчот за врска на Јувентус пред да биде дистрибуирана во нападот. Пирло едноставно беше главен во играта на Италија, додека Иниеста беше само еден дел од мозаикот на Шпанија и далеку од главниот „виновник“ за освојување на европскиот трофеј.
Андрес Иниеста секако заслужува поголеми индивидуални признанија, кои ги заслужи пред две години, а не сега. Фудбалерот на Барселона блескаше во својот клуб во сезоната 2009/2010, а на Светското првенство во Јужна Африка беше најдобриот фудбалер на Шпанија и човекот, кој со својот гол во финалето против Холандија и го донесе на „фуријата“ најпрестижниот трофеј во фудбалот. Иниеста тогаш ја заслужи наградата за МВП на Мундијалот и можеби „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер во 2010 година, но не и на овој евро-собир 2012 година.
Кој според вас беше најдобар фудбалер на Европското првенство во фудбал?
Според мене најдобар беше Балотели.
МВП освои Иниеста, но според вас дали е заслужено или требаше друг да го освои МВП?