Добро,нема да им ги пишувам на табла превод.Па ќе им пуштам музика за да не биде воопшто стресно,па кога веќе ќе биде здодевно ќе им зборувам за спорт,за мода и се на англиски,ама па еднаш само збор два кажав на дански кога прв пат почнав да работам како професор и веднаш реакција претерува со англиски!А англиска паралелка се!Непишано правило е дека превод не се пишува на табла, туку стриктно во тетратка сами да запишат, или уште подобар начин е странскиот т.е. англискиот (во случајов) нов збор да се објасни исто на англиски со веќе познати зборови.
Рецимо: spouse = husband/wife
Друга грешка поради која не помнат и не обрнуваат толку внимание, ти е повторување на работите и на мајчин јазик т.е. било кое повторување по два и повеќе пати ја намалува концентрацијата. Ако навикнат дека објаснуваш по повеќе пати, нема ни да се трудат да слушнат од првпат. Ако навикнале дека ќе повториш и на мајчин јазик, нема зашто да се трудат да разберат на англиски, а нема ни да имаш увид кој разбрал, а кој не.
Основни „правила“ се тоа во методиката.
Часот исто делува многу шаблонски и досаден. Дозволи си да избегнеш малку од темата. Професорот треба да е и психолог и другар, да знае кога да прекине со часот и да вдахне свежина, да врати интерес и да најде точки што ги интересираат учениците.
Најдобар начин да провериш кој колку знае, е да поттикнеш конверзација околу нешто што го интересира. Наместо ливчиња каде може да препишат, погодат на среќа и да користат мобилен, прашај нешто што ученикот го влече. Тие 5 минути муабет за омилената марка возила, омилен начин на шминкање или омилен филм/бенд, многу повеќе ќе ти кажат за нивото на вокабулар, граматика, како и брзината со која разбира и самодовербата со која склопува реченица.
Будуча.@Electra да не си и ти наставничка или професорка?
Токму ова го правеше професорката по англиски, ама не оваа со групите, туку друга. Да ги пофалам, да ти е мерак да седиш на час на предавање, а богами и мелем за очи.![]()
Како се англиска паралелка? Група на која англискиот е мајчин или мора да е наставата на англиски? По секако тогаш мора да го исфрлиш данскиот.Добро,нема да им ги пишувам на табла превод.Па ќе им пуштам музика за да не биде воопшто стресно,па кога веќе ќе биде здодевно ќе им зборувам за спорт,за мода и се на англиски,ама па еднаш само збор два кажав на дански кога прв пат почнав да работам како професор и веднаш реакција претерува со англиски!А англиска паралелка се!
Не сум професорка, но можам да ти дадам еден предлог, па твое е дали ќе го прифатиш или не. Пробај со учениците да бидеш повеќе од професор, да бидеш блиска и да не се трудиш да ги фатиш кај не знаат, туку на пример на тие наставни ливчиња што им ги даваш повикај ги најслабите ученици и натерај ги да прочитаат и повторно да ги одговорат прашањата-труди се од нив да го извлечеш максимумот. И покрај тоа што користите речник, користете и толковен речник на англиски јазик, за било кој збор на кој не му го знаат вистинското значење или пак зборот има повеќе значења-да се разјасне секое значење и да се дадат примери со секое значење на зборот и да го употребат во реченица, така ќе си го збогатат вокабуларот. И се што некој не може да разбере потруди се да му објасниш сликовито. Ако сакаш пробај, мислам дека ќе имаш подобри резултати-па известимеКако што има тема за учениците и студентите,нека има тема и за нас професорите.Знам дека не сум само јас единствена која е професор тука,па затоа сите што сте професори тука,да разговараме за начинот на предавање колку често им даваме домашни задачи,што мора да носат на час,тестови,дополнителни часови.Јас сум професорка по англиски јазик и мојот начин е ваков: Објаснувам детално и на дански и на англиски,бидејќи во Данска живеам,знаете,па читаме текстови по пасуси и преведуваме,а новите зборови ги пишувам на табла со превод,па имаме цели часови за вежбање на граматиката,а 3 часа пред тест вежбаме и им објаснувам некои нејасни работи.А тестовите ми се трансформирање на реченици во одредено време,со дополнување,со заокружување и со дадени зборчиња за преведување.Такви тестови давам.И им давам некои наставни ливчиња кои не влегуваат во оцената,туку за да ги проверам колку учат,односно дали учат редовно или само за тест.Дали ми е добар начинот и каков е вашиот начин?
За кој предлог се одлучија?Сите совети ми се добредојдени. Кога ќе се вратам во Данска ќе ги прашам што сакаат од сите овие предлози па ќе ви пишам.
Оваа тема ја отвори братучетка ми која до пред некоја недела го користеше профилот како Danish.Princess,а инаку се пропаднало.Ја нема веќе.Инаку планирала да ги праша,па да се ослучат.Но,не успеала да се врати.Инаку и јас и ги понудив истите предлози.Така што мене не ме прашувај за тоа.За кој предлог се одлучија?